Самитот на ОБСЕ во Скопје уште еднаш ја покажа солидарноста на демократскиот и цивилизиран свет со Украина и осудата на руската агресија врз украинскиот народ. Повеќето дипломати од повеќе од 50 земји учеснички, во знак на солидарност со украинскиот народ, го бојкотираа говорот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, додека mинистрите за надворешни работи на Украина, Естонија, Летонија и Литванија не присуствуваа на самитот поради учеството на Русија.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на кратко застана во Скопје на оваа средба, но веднаш замина за Израел. Тој не се сретна со Лавров, кој пристигна доцна во средата.
Лавров при пристигнувањето на Самитот на ОБСЕ во Скопје имаше недоличен однос кон новинарка од Грузија. На новинарско прашање – Кога ќе ја прекинете војната?! (се мисли на агресијата врз Украина), тој одби да даде одговор туку во од ја искоментира бојата на коса на новинарката од Грузија.
Премиерот Димитар Ковачевски, оценува дека учеството на Лавров на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје не е победа на Русија, туку, според него, тоа е победа на ОБСЕ. Ковачевски дури не се сретна со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Во пресрет на Самитот на ОБСЕ во Скопје, на неформалната вечера во среда присуствуваа американскиот државен секретар Антони Блинкен, претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел и министерот за надворешни работи на Велика Британија Дејвид Камерон. Но, тие го напуштија Скопје пред да дојде рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Дестан Јонузи