Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите кои денеска на прес конференција беа изнесени од страна на Игор Јанушев од партијата ВМРО-ДПМНЕ, каде меѓу другите невистини, беше изнесена лага дека во СВР Скопје пред пет дена наводно било заведено дека убиството врз малолетната В.Ѓ. го извршил Љ.П., а, наводно, не било ништо преземено, се вели во демантот од МВР.
– Тоа е апсолутна невистина. Таква работа не постои. Згрозени сме од самиот факт што оваа партија дури и за ваква трагедија шири дезинформации. Министерството за внатрешни работи и ОЈО Скопје денеска на прес конференција детално презентираа се што е преземено во врска со овој случај, се наведува во демантот од МВР.
Од МВР апелираат да престане ширењето на лаги и дезинформации, кои само нанесуваат штета на истрагата.