Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
Го отворив Фејсбук профилот на Љупчо Палевски – Палчо.
И забележав неколку „интересни“ работи.
Го промовира BRIKS, заедницата под покровителство на Русија и Кина, во којашто планираат да нè внесат ВМРО и Левица.
Дава поддршка на Русија, а пишува против Украина.
Американската демократија ја нарекува ДЕМАГОГИЈАкаубојскаСЕЉОБЕРСКА.
ЕУ ги нарекува глуперди.
НАТО за него се гниди фолирантски.
Преплавен му е ѕидот против „северџани“ и против „северџанска банда“.
ДУИ ги нарекува балисти, а СДСМ го пишува како СДСШ.
Безброј фотографии со знамето од Кутлеш и безброј фотографии со познати редовни и отворени поддржувачи на политиката на Мицкоски!
Се плашам дека со ВМРО и Левица на власт, цела држава ќе ни стане Палчо.