ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кацарска-Вал: Поддршка од Мисијата на ОБСЕ во земјава за функционалното унапредување на Уставниот суд

December 7, 2023 22:31
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: Уставен Суд

Фото: Уставен Суд

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска одржа работна средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вaл, на која разговарале за состојбата во Уставниот суд од аспект на недостатокот на уште двајца судии, ресурсите со кои работи и располага Судот и важноста за остварување негова финансиска самостојност.

Како што соопштија денеска од Уставниот суд, на средбата стана збор и за надлежностите на Уставниот суд при одлучувањето за човековите слободи и права при што претседателката Кацарска ги презентираше сите активности кои ги презеде изминатиот период за подигнување на свеста за воведување на уставната жалба и нејзиното значење за граѓаните, како и барањето на поддршка за воведување на овој инструмент.

Амбасадорот Вал, се наведува, изрази поддршка за функционалното унапредување на Уставниот суд, нагласувајќи ја неговата улога во почитување на принципите на владеење на правото и заштита на човековите права и слободи. Тој, исто така, ја истакна важноста од воведувањето на уставната жалба.

-ОБСЕ мисијата во Скопје е важен партнер и поддржувач на работењето на Уставниот суд и во изминатиот период соработката се ефектуираше преку организирање на обуки од областа на човековите права, за советниците кои работат на предмети во Уставниот суд, наведуваат од Судот.

На средбата, која се одржала вчера во просториите на Судот, била нагласена заедничката желба за продолжување на соработката  во следниот период, која ќе се реализира преку редовна комуникација на службите, со цел имплементирање на проекти кои се од суштинско значење и за работењето на Уставниот суд и за вредностите кои ги застапува и промовира мисијата на ОБСЕ, стои во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВалКацарскаОБСЕ
Next Post

Словенија ги проширува граничните контроли со Хрватска и Унгарија

НАЈНОВО

Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

October 15, 2025
Скриншот

Албанската опозиција бара разрешување на претседателот Бајрам Бегај

October 15, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk