ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Заврши скрининг процесот – заокружена првата фаза од целта за членство во ЕУ до 2030 година

December 8, 2023 09:24
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
EU screening process

EU screening process

Со затворање на билатералниот состанок за „Поглавјето 31 – Заедничката надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6 вчера во Брисел официјално заврши скрининг процесот на Северна Македонија со ЕУ, со што земјата заокружи една есенцијална фаза што треба да ја воведе во следната фаза од преговорите, продолжување со реформите и завршување на обврските со цел до 2030 година да стане полноправна членка на Унијата.

Скрининг процесот започна на 15 септември 2022 и во негови рамки беа одржани објаснувачки и билатерални состаноци за сите 33 поглавја кои се поделени во шест кластери. Во овој период во Брисел беа одржани 850 презентации, на кои присуствува приближно 1000 претставници од 206 различни институции од земјава, како и 800 експерти од Европската комисија. За време на 15-те месеци, колку што траеше скрининг, од страна на Еврокомисијата беа презентирани над 4500 акти, мерки, регулативи и директиви.

По повод завршувањето на скрининг, премиерот Димитар Ковачевски изрази задоволство од неговото спроведување согласно утврдената динамика, порачувајќи дека позитивна оценка за успешноста и навремената реализација на процесот даде и Европската комисија во годишниот Извештај за напредокот на земјава на европскиот пат констатирајќи солидно ниво на усогласеност на нашето со европското законодавство.

– Навистина сум задоволен што вицепремиерот (Бојан) Маричиќ и неговиот тим во Секретаријатот за европски прашања успешно и во рок го поминаа целиот процес. Понатаму следат патоказите, кои се наша обврска која произлегува од Преговарачката рамка, кои пак се услов за отворање на првиот кластер, додаде Ковачевски.

Според него, покрај завршувањето на скрининг процесот за земјата од огромна важност е и Планот за раст на Западниот Балкан, кој го подготви Европската комисија на барање на земјите од регионот.

– Планот за раст е токму она што го очекувавме – елабориран, оперативен и фокусиран на неколку приоритети што го прави остварлив, а не само уште еден план со недостижни цели. Овој План, ќе даде нов, силен поттик на процесот на евроинтеграции. Со неговата реализација која зависи и од ЕУ, но пред се од нас, земјите од Западниот Балкан двојно ќе го зголемат обемот на економијата на регионот и во земјата преку зголемена економска соработка, истакна Ковачевски.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ порача дека имајќи ја предвид нашата посветеност и напорите да станеме полноправна членка на ЕУ, очекува на Европскиот совет идната недела да добиеме препорака да продолжиме со втората Меѓувладина конференција.

– Со ова, секој следен чекор во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија, како и динамиката на преговори, ќе зависи само од нас, од донесување на уставните измени. Се наоѓаме на клучна точка во својата историја која ќе го трансформира македонското општество. Ова е еден историски момент за Северна Македонија, за Западен Балкан и за Европската Унија. Оваа шанса мораме да ја искористиме без дилема, без грижи и без страв, туку со уверување дека и тоа како ќе придонесе за просперитет на државата и граѓаните, порача Маричиќ.

Според него, одложувањето или блокирањето на процесот на преговори и членството на Северна Македонија во ЕУ претставува опасност за нашите реформи и развој.

Уверен сум дека со мнозинството македонски граѓани кои сакаат да ја видат Република Северна Македонија во Европската Унија во 2030 година заедно ќе успееме. Ајде заедно да ги надминеме пречките и да ја обезбедиме европската иднина за сегашните и идните генерации, истакна вицепремиерот за европски прашања.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, потенцираше дека сега по завршувањето на скрининг процесот нашиот европристапен пат ќе биде запре вештачки, доколку не ги усвоиме уставните измени.

– Тоа ќе биде историски испуштена шанса во оваа геополитичка ситуација во Унијата кога проширувањето е приоритет и геостратешка неопходност. Затоа, повторно упатувам повик да го обезбедиме потребното мнозинство во Собранието за да ја оствариме целта, која е од стратешко државно значење и е аспирација на мнозинството наши граѓани за припадност во евроатлантското семејство, која ниту една партија не може да ја игнорира особено ако претендира да предводи идна Влада, нагласи Османи.

Државната секретарка во СЕП и заменик главен преговарач со ЕУ Дрита Абдиу-Халили порача дека за време на скринингот увидовме оти како држава имаме добро ниво на усогласеност на нашето законодавство со европското, но имплементацијата останува предизвик.

– За да ги постигнеме критериумите на ЕУ, потребно е интензивно да работиме во наредниот период, при отворањето на кластерите, затворањето на поглавјата, реформирањето и развојот на нашата земја, до полноправното членство во Унијата во 2030 година, изјави Абдиу-Халили.

Според неа, како држава докажавме дека сме подготвени да ги продолжиме преговорите, да продолжиме со отворање на кластерите и да ја достигнеме нашата стратешка цел, полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за промоција на европскиот начин на живеење Маргаритис Схинас по средбата со вицепремиерот Маричиќ, одржана по завршувањето на скрининг процесот порача дека Северна Македонија веќе презеде големи чекори кон пристапувањето во ЕУ.

Ги охрабруваме нашите пријатели во Скопје да го зграпчат моментумот и да продолжат со клучните реформи, со фокус на уставните измени и владеењето на правото, наведе Схинас во објава на платформата Икс.

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, пак, порача дека членството на Северна Македонија во Европската Унија е клучно за спроведување на реформите.

Во секој случај нашите ставови се јасни. САД како што знаете не е членка на ЕУ, меѓутоа се надеваме дека во најбрз можен рок вие ќе станете членка во ЕУ, затоа што сметаме дека вашето членство во Унијата е клучно за спроведувањето на реформите и во исто време сметаме дека со можните направени промени ќе станете полноправна членка на ЕУ што е можно поскоро, изјави Агелер.

Сега, по завршувањето на скрининг процесот следува изработката на патоказите, кои се наша обврска од Преговарачката рамка и се услов за отворање на првиот кластер. Станува збор за патокази за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и за функционирањето на демократските институции, како и Акциски план за заштитата на припадниците на малцинствата и заедниците.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУпроширувањескрининг
Next Post
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Барањето за екстрадација на Љупчо Палевски испратено до турските власти, определен 30-дневен притвор на возачот кој го пренел до Турција

НАЈНОВО

Новиот Кривичен законик во Албанија ја загрозува слободата на изразување, алармираат од ЕУ и албански експерти

August 2, 2025

УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

August 2, 2025
ВИ

Ројтерс: САД и НАТО развиваат нов механизам за финансирање на трансфер на оружје за Украина

August 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН објави конкурси за стипендии, подршка за 7880 ученици и студенти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk