Специјалниот претставник на Европската Унија за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак изјави дека првпат по долго време ЕУ е подготвена за проширување, јави дописникот на МИА од Белград.
-На денешниот самит за Балканот истакнав дека првпат по некое време ЕУ е подготвена за проширување. Крајно време е да ја искористиме таа можност, напиша синоќа Лајчак на платформата Х.
At today’s @FriendsofEurope #BalkansSummit I stressed that for the first time in a while 🇪🇺 is ready for enlargement. It’s high time to seize the opportunity. pic.twitter.com/BUm5JPrsNS
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) December 7, 2023
Лајчак вчера учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан организиран од бриселскиот политички институт „Пријатели на Европа“.