ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓународна федерација на новинари: 94 новинари загинаа оваа година, од кои повеќето во Газа

December 8, 2023 16:02
in ДЕНЕС, СВЕТ

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), водечка светска организација за одбрана на правата на новинарите, објави дека од почетокот на годината се убиени 94 медиумски работници, повеќето од нив во конфликтот меѓу Израел и Хамас, додека речиси 400 од нив се затворени.

ИФЈ наведува дека 68 новинари, од кои повеќето Палестинци, биле убиени додека известувале за конфликтот во Газа, што статистички претставува повеќе од еден дневно и 72 отсто од вкупниот број смртни случаи во медиумите оваа година, пренесе МИА.

„Војната Израел-Хамас е посмртоносна за новинарите од кој било друг поединечен конфликт откако ИФЈ почна да води евиденција во 1990 година“, наведува групата.

Украина останува на листата на „земји опасни за новинарите“ речиси две години по почетокот на руската инвазија, каде од почетокот на 2023 година беа убиени тројца медиумски работници, се додава во соопштението на ИФЈ.

Досега во Северна и Јужна Америка се убиени седум новинари кои загинале додека истражувале вооружени групи или проневера на јавни средства.

Во Африка се евидентирани убиства на четворица медиумски работници, за кои ИФЈ тврди дека не се доволно истражени.

Претходната година беа евидентирани вкупно 67 смртни случаи на новинари, од кои 12 беа убиени во Украина, додека во текот на 2021 година овој број беше 47.

Од 393 приведени новинари, најголем број има во Кина и Хонг Конг, Мјанмар, Турција, Русија и Крим, Белорусија и Египет, објави Меѓународната федерација на новинари.

Tags: ГазазагинаановинариУкраина
Next Post

Митреска: Потребен е холистички пристап за финансирање на зелената транзиција, од државата, приватниот сектор и од меѓународните организации

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk