„Европскиот фронт може да биде ветер во грбот оти мнозинството од граѓаните се за влегување во ЕУ. Но, кај албанскиот блок е проблем што сега има осум партии кои е тешко да се изменаџираат во таков европски фронт во ситуација кога и опоозицијата е европски сојуз и е бесмислено да се стават во кошот на антиевропска коалиција’’ рече политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во Студио 10 на ТВ 24.
Рамадани рече дека на маса ако не се стават уставните измени, тогаш нема што би можело друго да се понуди оти уставните измени водат кон Европскиот прогрес на државата.
Рамадани додава дека ако ВМРО ДПМНЕ ја бојкотира техничката влада предводена од премиер Албанец ќе се појавни нивната вистинска слика за албанофобија и тоа нема да им донесе никакви позитивни промени туку напротив ќе ја потврдат својата стигма за националистичка и албанофобна. Тие доколку продолжат да ја напаѓаат ДУИ како партија тоа ќе биде во корсит на Дуи – ќе им донесат поголем број на гласачи.
„Кога прв пат функција премиер има еден Албанец тоа позитивно одекнува кај Албанците со тоа што се чувствуваат дека Албанците полека и сигурно ги остваруваат правата за кои мислеле дека треба да се рамноправни. Тоа се остварува со демократски средства, па секако им значи на Албанците, а верувам дека и Македонците тоа го сфаќаат како нешто нормално. Секако има и такви кои мислат дека Албанец не може да врши такви функции, но со текот на годините бројот на таквите се повеќе се намалува и табуата се надминуваат’’ – рече Рамадани Рамадани додава дека мора да одиме напред и да отвориме нови поглавја во политиката кон ЕУ а не да ја враќаме државата во минатото.