Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја освои својата петта титула на турнирот во Дубаи откако во финалниот меч го совлада Гркот Стефанос Циципас во два сета – 6:3, 6:4.
За Ѓоковиќ ова е трет трофеј во оваа сезона. Пред турнирот во Дубаи Новак ги освои АТП купот и „Австралија опен“, а забележа дури 18 победи по ред од почетокот на сезоната.
Српскиот тенисер славеше по третпат во петтиот меѓусебен дуел против Циципас за еден час и 19 минути игра.
Турнирот во Дубаи се играше за награден фонд од 2.794.840 милиони долари.