ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Соработката со МОТ е столб на унапредувањето на правата на работниците

December 12, 2023 10:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти ја отворија конференцијата „ Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ.

„Недостигот на работна сила е предизвик на модерното време и се должи на повеќе фактори, како што се демографските транзиции, воведувањето нови технологии, како и работните услови. Сведоци сме дека во сѐ повеќе земји, особено во Европа, работодавачите пријавуваат проблеми со наоѓање и задржување на работната сила“ рече Тренчевска.
Таа истакна дека нашата држава не е заобиколена од овој глобален тренд и посочи дека од една страна државата се соочува со невработеност и неактивност на населението и додека од друга страна секојдневно се огласуваат испразнети работни позиции.
„Податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година покажуваат дека работната сила на Република Северна Македонија брои 808.078 лица , од кои 692.034 се вработени и 116.045 се невработени. Во 2022 година стапката на вработеност (15-64) изнесува 56,7 проценти, што сè уште е далеку под просекот во ЕУ, 69,8 проценти. Јазот во вработеноста меѓу мажите и жените изнесува 18,4 процентни поени, и е речиси двојно поголем од оној во ЕУ. Стапката на вработеност на младите луѓе (15-29) изнесува 34%, што е многу под стапката во ЕУ од 49,2%“ објасни Тренчевска.
Министерката посочи дека Владата соочена со овие демографски предизвици како и притисокот од приватниот сектор ги усвои: Програмата за економски реформи 2023-2025 г., Националната стратегија за вработување 2021-2027 г., Планот за спроведување на Гаранцијата за млади 2023-2026 г. Таа објасни дека секој од нив ги утврдуваат развојни приоритети и реформи што се во насока на надминување на предизвиците – реформи во образованието, за да соодветствува со потребите на пазарот на трудот, адаптирање на активните мерки за пазарот на труд, активирање на лицата што не се вработени, ниту се вклучени во процес на образование и обука.
Воедно министерката во однос на преземањето на мерки за одговор на ова прашање ги истакна измените на законите.
„Промените во Законот за социјална заштита со олеснување на влезот на пазарот на труд на млади лица од семејствата кои се корисници на права од социјалната заштита преку процес на социјално менторство верувам дека ќе бидат усвоени во Собранието на Република Северна Македонија до крајот на оваа година. Овие законски промени, поддржани со Нов закон за социјално претприемништво, но и Закон за работно ангажирање со креирање на софтвер за евиденција на работни часови на лицата кои се времено ангажирани во одредени области, убедена сум дека ќе го намалат притисокот од итна потреба за работници во нашата држава. Верувам дека со помош на новиот Закон за безбедност и здравје при работа кој е во процес на изготвување исто така ќе придонесе кон подобрување на условите за работа и модернизирање на компаниите“ рече Тренчевска.
На крај таа истакна дека за победа во битката со недостатокот на работна сила потребно е да се продолжи успешната соработка на министерството за труд и социјална политика со Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Република Северна Македонија, затоа што според неа нивната поддршка и во досегашните активности претставува значаен столб, показател и поддржувач во подобрување на севкупната слика на државата.
Tags: МОТТренчевска
Next Post

Да се биде или не?

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk