ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Контраспин: Не се прави изборна кампања од коронавирусот!

Една од границите во етичка смисла, во изборната кампања е воздржување од хушкачки говор кој може да предизвика паника и ширење на дезинформации за сериозни состојби кога станува збор за јавното здравје или за природни непогоди или катастрофи. Со други зборови, преку болештини, изборна кампања не се тера, а токму тоа, со спин и дезинформација, вчера на два пати го направија од ВМРО-ДПМНЕ, пишува ВИСТИНОМЕР.МК.

February 29, 2020 20:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Една од границите во етичка смисла, во изборната кампања е воздржување од хушкачки говор кој може да предизвика паника и ширење на дезинформации за сериозни состојби кога станува збор за јавното здравје или за природни непогоди или катастрофи. Со други зборови, преку болештини, изборна кампања не се тера, а токму тоа, со спин и дезинформација, вчера на два пати го направија од ВМРО-ДПМНЕ, пишува ВИСТИНОМЕР.МК.

Прво лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а подоцна и претставник на раководството на партијата, соопштија тврдења поврзани со корона вирусот, СДСМ и институционалната подготвеност во Северна Македонија за справување со проблемот со епидемијата, во кои се детектираат спинови:

Спин1: Најсреќни би биле исплашените  од СДСМ да го користат коронавирусот како изговор за да ВМРО-ДПМНЕ не го мобилизира народот во оваа држава и тие молеа бога да се случи сето ова за да може еве да не излегува ВМРО-ДПМНЕ со народот и да не протестира.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Изјава на Х. Мицкоски, датум: 28.02.2020]

Спин 2: Корона вирусот стигна и во Македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и владата на СДСМ покажаа неорганизираност и хаос. Изразуваме огромна загриженост поради слабиот капацитет за организација на Владата и сите надлежни да се одговори на вака сериозна ситуација во која е загрозено здравјето на граѓаните…

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – прес на Д. Стојановска, датум: 28.02.2020]

 

Контраспин:

Се разбира дека во изборна кампања – без оглед што официјално не е започната – нормални и прифатливи се претерувања, било за ветувања или за политички оценки за противникот, но и тоа треба да има граници. Една од границите во етичка смисла се воздржување од хушкачки говор, кој може да предизвика паника и ширење на дезинформации за сериозни состојби кога станува збор за јавното здрваје или за природни непогоди или катастрофи.

ВМРО-ДПМНЕ вчера (27.02.2020) на два пати со дезинформација или со спин се обиде да поентира негативно за СДСМ, а ползувајќи го стравот на сензибилизираната јавност во земјата во однос на можните последици од ширење на корона вирусот.

Најпрво, лидерот на партијатијата со една недоследна изјава (во однос на тоа како тој се претставува во јавноста, како чесен и честит), рече дека неговите политички противници, „исплашените од СДСМ молеле Бога“ да се случи вакво нешто (појава на корона вирусот во РСМ), за да можат да размислуваат за спречување на јавни собири за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизирал народот: Најсреќни би биле исплашените  од СДСМ да го користат корона вирусот како изговор за да ВМРО-ДПМНЕ не го мобилизира народот во оваа држава и тие молеа бога да се случи сето ова за да може еве да не излегува ВМРО-ДПМНЕ со народот и да не протестира.

Ваквата изјава, покрај тоа што е недолична и е недоследна, истовремено е чисто извртување на вистината, т.е. спин. А спин е, затоа што евентуалната забрана или препорака за забрана на масовни јавни собири не зависи директно од СДСМ и Владата, туку, пред се, од почитување на препораките на СЗО и следење на искуството од другите држави во справување со вирусот. Второ, мобилизирањето на народот во политичка смисла преку митинзи и собири на затворени и отворени простори е само една од (позастарените), форми на политичката кампања.

Вториот спин, следејќи го ова размислување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дојде од неговата партија во форма на изјава на поранешната пратеничка и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, во која се тврди дека постои неспособност на институциите за справување со корона вирусот.

Иако е соврешно јасно дека не постои идеална институционлана подготвеност, спинот на Стојановска лесно се деспинува со едноставен преглед на ситуацијата преку веб страната на Владата (сите информации од последната седница па наназад два месеца), на Министерството за здравство, на Институтот за јавно здравство, на УК со Центарот за управување со кризи, итн.

Но, најголем показател за извртената вистина е самата оценка искажана лично од висок претставник на Светската здравствена организација, директорот на СЗО за Европа,  во која се наведува дека Владата и здравствените власти ги спроведуваат сите препораки на СЗО за борба против корона вирусот.

Од изнесените факти е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ преку спинови и дезинформациии за справување со корона вирусот сакаат да поентираат и да му нанесат штета на политичкиот противник. Границата во етичка смисла со ваквото постапување е токму неширењето спинови и дезинформации, а со тоа и ибегнување на опасноста за потешки последици преку создавање страв и паника кај граѓаните. Со други зборови, со болештини и природни катастрофи изборна кампања не (треба) да се тера.

Извор: ВИСТИНОМЕР.МК. 

Next Post

Објавен граѓанскиот манифест на Mакедонски концепт

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk