„Ќе изгубиме многу време ако се објаснуваме кој е виновен иако можам да кажам од оваа страна дека извештајот на ЕК точно пишува на страна бр. 10 дека токму опозицијата со неизгласувањето на уставните измени го кочи напредокот на државата односно патот кон ЕУ. Со оглед дека во изминатиот период навистина се ширеа многу лажни вести и непотребни стравувања за коишто се уште стојам на тоа дека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ треба и тоа како да им се извини на граѓаните заплашувајќи ги со бугаризација и асимилација и слични други стравови“, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во интервју на Телевизија 24.
Таа даде аргумент дека преведувачките служби на Европската Унија го отворија повикот и организираа тестирање за акредитација на конференциски толкувач со македонски јазик како А јазик.
„Македонскиот јазик во Европската Унија. Фронтекс договорот на македонски јазик. Сметам дека тука тоа е потрошено време. Потрошено време на деструктивност, со блокади и со заплашување на народот и вистина сметам дека сега е времето да одговори опозициската ВМРО-ДПМНЕ што е сега алтернативата“, заклучи Кузеска.