РИБАРО
Новиот пилот проект наречен „Смарт ситизен“ не може да ги лоцира Ковачки и Мицкоски, дознава АХА.
Новиот систем за лоцирање на граѓани, како што јавуваат нашите извори, има за цел да ги издвои граѓаните со просечна и натпросечна интелигенција и да ги претстави како можни носители на прогресивните текови во државата.
Пратеникот Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Мицкоски, биле земени како мустри за да се прикаже практичната примена на „Смарт ситизен“, а сензорите, како што констатираат оттаму, не ги фаќале споменатите поради недостаток на интелигенција, односно на Мицкоски и Ковачки ни им светнале сијаличките, а со тоа системот ги регистрирал како потпросечно интелигентни граѓани.
Носителите на проектот за АХА велат дека со оглед на тоа што „Смарт ситизен“ не успеал да ги лоцира Мицкоски и Ковачки, првичните резултати само го констатирале очигледното и се повеќе од задоволителни од пилот примената.
Мицкоски и Ковачки за АХА, не сакаа да ги коментираат резултатите од пилот проектот.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK