ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Писонеро: Проширувањето останува процес заснован на заслуги, Северна Македонија да ги забрза уставните измени

December 21, 2023 12:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претендентите за членки на ЕУ се подготвени да работат уште понапорно на клучните реформи за да се приклучат на нашата Унија и сакаме да бидеме јасни дека проширувањето останува процес заснован на заслуги, кој бара вложувања и посветеност за спроведување на суштински реформи, вклучително и за владеењето на правото, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

Според неа, во услови кога постои моментум за проширување на ЕУ, Европската комисија ги охрабрува сите страни во Северна Македонија да работат заедно за да ја придвижат земјата на нејзиниот пат за пристапување во Унијата.

– Заклучоците на Европскиот совет се јасни: Европската Унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија веднаш штом земјата ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени, како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, во согласност со нејзините внатрешни процедури. Европскиот совет ја повикува Северна Македонија да го забрза нивното спроведување, изјави Писонеро на прашањето на МИА дали се можни други решенија, како измена на Преговарачката рамка, доколку не се обезбеди мнозинство за усвојување на уставните измени.

Таа додава дека во рамки на пакетот за проширување, на 8 ноември Европската Комисија го претстави и својот предлог за нов План за раст на Западниот Балкан.

– Целта (на Планот) е да донесе некои од придобивките од членството во ЕУ во регионот уште пред зачленувањето, да ја зајакне економската интеграција на единствениот пазар на ЕУ, да ја зајакне економската интеграција со Западниот Балкан преку заеднички регионален пазар, да ги забрза фундаменталните реформи и да ја зголеми финансиската помош за поддршка на реформите со средства за реформи и раст за Западниот Балкан, вели Писонеро.

Таа додава дека регулативата за воспоставување на Фонд за реформи и раст моментно се разгледува од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, кои треба да ја договорат заедничката позиција.

Според неа, напредува и процесот во соработка со шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан за изготвување на реформските агенди предвидени со Планот за раст и Механизмот.

– Во ноември и декември веќе се одржаа билатерални состаноци на високо ниво и партнерите од Западниот Балкан во консултација со Комисијата почнаа да ги идентификуваат клучните реформски приоритети за да се поттикне економскиот раст и да се забрза социо-економската конвергенција со ЕУ. Комисијата се надева дека финансирањето ќе биде достапно што е можно поскоро во текот на 2024 година, додава Писонеро.

Во врска со поддршката на европските граѓани на процесот на проширување, портпаролката на ЕК потенцира дека во својот неодамнешен извештај Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) посочува оти според најновиот Евробарометар од јуни 2023 година, 53 отсто од граѓаните на ЕУ во принцип го поддржуваат проширувањето, додека 37 отсто се против него, па иако, според ЕЦФР, бројките во корист на проширувањето можеби не се големи, тие сепак сигнализираат пресвртница на долгогодишниот тренд.

– Важно е да се продолжи дијалогот со граѓаните на ЕУ за да им се објасни што е проширувањето. Политиката на проширување на ЕУ, која доби на интензитет, е повеќе од кога било геостратешка инвестиција во долгорочниот мир, стабилност и безбедност на целиот наш континент, вели Писонеро во изјавата за МИА.

Tags: ЕУПисонероуставни измени
Next Post

Обезбеден лекот „Трикафта“ за 12 пациенти, постепено во претстојниот период ќе биде обезбеден за сите пациенти

Shortcut

Најново

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026
Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk