ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ви се пофали ли Апасиев дека Левица го изгуби спорот против Дералa?

Не, не е вест кога со тенденциозни инсинуации намерно и синхронизирано се поткопува авторитетот на (како што нагласуваат од СЕММ) - истакнат претставник на граѓанскиот сектор, ама затоа вест се сензационалистичките наслови на погоре спомнатите портали финансирани од сомнителни извори, а пола од тие портали немаат ни лична карта (Импресум) која би ги легитимирала како медиум

March 3, 2020 11:32
in ESPRESSO, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Ни мене Дерала не ми се „пофали“, туку случајно прочитав кај другарот Петрит Сарачини дека Дерала го добил бесмислениот судски спор што Апасиев и Левица го имаа покренато против него. Да, сите знаеме дека „правниот експерт“ го обвини Дерала. Но, да, до вчера никој не знаеше дека Дерала пред неколку дена го доби судскиот спор против екстремно десно ориентирана партија што иронично се вика Левица.

Петрит за ова на својот Фејсбук профил ќе напише:

Ви се пофали ли Апасиев, ексоветникот на Катица, легенда на правната мисла во библиска Македонија, дека неговата Левица го изгуби судскиот спор по сите основи, дека им падна глупавата тужба против Џабир Дерала, со која со недели тераа јавна хајка против него и ЦИВИЛ?

„Еве неколку дена пресудата ја има, постои, но за неа не известија медиумите, кои со денови го прогонуваа Дерала за овој „случај“, во име на „јавниот интерес“.

Го разбирам другарот Xhabir што не се пофалил. Стара витешка школа, не сака да „клоца“ поразени. Но, за овој пораз на Апасиев се уште нема пофалба ниту од медиумите што со толкаво внимание го следеа „случајот“, напиша Петрит Сарачин, другар соборец на Џабир Дерала.

Пред неколку дена знам дека и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) донесе одлука Интернет – порталите: Курир, Лидер, Економски и Инфомакс, со текстот насловен „Џабир Дерала се закани, ќе вадел луѓе на улица ако не се заштити криминалот на Заев“, го прекршиле Кодексот на новинарите во членовите 13 и 14.

Со оглед на тоа дека токму тој мајчин член 14 од Кодексот на новинари е причината за тоа зошто не се декларирам како новинар (иако работам во редакција, а повеќе од 15 години сум активен јавен критичар на блог и на социјалните мрежи), ами блогер, реков, ајде ќе премолчам, за да не сум лицемер. Но, овде драги мои не се работи за некоја лична моја морална борба со дефиниции, овде се работи за човек кој покрај тоа што е борец за човекови права е и новинар повеќе од 20 години, кој бескомпромисно се бори за почитување на сите „мајчини“ членови од Кодексот на новинарите.

Токму затоа ми е многу чудно што оваа реакција на Советот за етика во медиумите, во која се истакнува дека Курир и компанија слични режимски медиуми го прекршиле новинарскиот кодекс нема да ја видите и прочитате никаде во медиумите. Нема да го видите како вест ни на порталoт во коj главен уредник e Џабир Дерала.

Еве што се вели во одлуката на Комисијата од СЕММ:

Комисијата, најнапред, утврди дека се работи за текст кој пренесува информа обраќањето на Џабир Дерала од невладината организација „Цивил“ на јавната дебата за Законот за јавно обвинителство во Собранието. 

Текстот произлегува од јавниот интерес, зашто и јавните личности, во случајов, истакнат претставник на граѓанскиот сектор, подлежи на постојан јавен надзор и потенцијална јавна критика. Сепак, начинот на кој е обработен текстот не нуди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која што се говори. 

Не, за медиумите и јавноста не е вест кога истакнат новинар добива битка за јавно изречена лага и клевета, не за медиумите не е вест ни кога новинар добива судски спор против политичка партија. Не, не е вест кога со тенденциозни инсинуации намерно и синхронизирано се поткопува авторитетот на (како што нагласуваат од СЕММ) – истакнат претставник на граѓанскиот сектор, ама затоа вест се сензационалистичките наслови на погоре спомнатите портали финансирани од сомнителни извори, а пола од тие портали немаат ни лична карта (Импресум) која би ги легитимирала како медиум.

За тоа дека Џабир го добил судскиот спор против Апасиев разбрав од постот на Петрит, впрочем и тој пост ме поттикна да го напишам ова.

Петрит вели: „Го разбирам другарот Џабир што не се пофалил. Стара витешка школа, не сака да „клоца“ поразени.“. Мене искрено буквално ми иди да ја кренам старата витешка школа на клоци оти не ми кажа дека го добил судскиот спор и не инсистира да се објави дека одлуките од СЕММ се во негова корист. Уште поискрено, ако сакате, ми доаѓа на клоци да ви го дигнам и зашамарам и половина од тој Кодекс за новинари, што си го практикувате на кој како и кога му одговара.

Но, тоа е за во друга прилика – член по член, име по име, пример по пример…

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Конечно дожд!

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk