„Процесот за вработување на контролор на летање започнува со селекција и школување во школски центри во странство. Тие не се во Македонија бидејќи за тоа е потребна институција која треба да задоволи европски стандарди и е неисплатлива поради бројот на контролори кои ние ги вработуваме“ рече претседателот на синдикатот на М-НАВ, Александар Тасевски во утринската програма на Слободен печат.
Тој додаде дека тој школувањето го започнал во Белград, каде што полагал 18 предмети, но постојано низ годините има обуки.
„За разлика од факултетите, кај нас има шанса за полагање само два пати. Првиот пат ако падне некој добива втора шанса, но вториот пат ако падне нема понатаму. Тоа е меѓународен стандард“ рече Тасевски.
Тој додаде дека контролорите на годишно ниво се проверуваат за тоа дали го задржале квалитетот и дека со секоја промена на дел од опремата тие имаат задолжителни нови обуки и тренинзи.