Конвенција за промоција на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за нов претседател на политичката партија Нова Алтернатива е најавена за утревечер во Скопје.
Конвенцијата, според најавата, ќе се одржи во х.„Континентал“ со почеток во 18 часот.
-Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот, во Кристална сала, хотел „Континентал“, стои во поканата за конвенцијата од партијата.
Арсовска претходно во телевизиско интервју информираше дека се подготвува да формира политичка партија.
Во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 на 5 јануари прашана дали размислува за формирање политичка партија, одговори потврдно, посочувајќи дека се во процес на нејзино формирање, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај годинава.