„Тој инцидент го сокри Фарко (Фахрудин Хамиди) како раководител на SQS. Неговата екипа ги убеди тогашните директори да не го пријават, го откривме ние, пријавивме на министер, пријавивме во влада и дојде до еден судир. Тогаш министер за економија беше Беким (Незири) и Бујар Османи тие си ги одбранија, а им помогна и еден друг министер, за надворешни работи (Никола Поповски). Кога ќе имаш татко-директор на министер (Живко Поповски), кога ќе имаш зет директор на министерка, а зборам за директори во М-НАВ, еве до што доаѓа,“ рече Сотир Костов, поранешен заменик-директор во М-НАВ во Студио 10 на ТВ 24.
Костов се осврна на случај во 2013 година, кога за малку ќе се случел голем инцидент. Кога два авиона за малку ќе се судреле и ќе настанeла катастрофа од невидени размери. Но, токму присебноста на двајца контролори и два пилота инцидентот бил избегнат.
„Нека проверат што се случи тогаш во 2013 година, а се е документирано, го имаат Извештајот и ќе ги видат дека се истите актери. Ни се случуваат после точно 10 години.