ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Годишен раст од 5,1 отсто на вкупната кредитна поддршка, од 8,7 проценти на вкупните депозити

January 18, 2024 13:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во декември 2023 година вкупните кредити бележат месечен раст од 1,3 проценти, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот. Годишниот раст на вкупните кредити, пак, изнесува 5,1 процент и исто така произлегува од зголеменото кредитирање на двата сектора, поизразено кај секторот „домаќинства“, објави денеска Народната банка. 

Вкупните депозити, пак, во декември лани, оствариле месечно и годишно зголемување од
4 проценти и 8,7 проценти соодветно, коешто се должи на придонесот на депозитите на двата
сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Во декември, кредитите на домаќинствата оствариле мал раст од 0,5 проценти на месечно ниво и во целост е одраз на зголеменото кредитирање во странска валута. Годишниот раст на овие кредити изнесувал 6,7 проценти и во поголем дел се должи на зголеменото кредитирање во странска валута, при раст и на кредитите во денари.

Според податоците на НБ, во декември, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, забележаа зголемување за 1,1 процент и 1,4 проценти на месечна основа, соодветно, при годишен раст од 6,5 проценти и 10,5 проценти, соодветно.

Во декември, автомобилските кредити бележат месечен и годишен раст од 2,7 проценти и 11, 4 проценти, соодветно. Овој месец, кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележано месечно и годишно намалување од 1,9 проценти и 4,7 проценти, соодветно.

Исто така, во декември, негативните салда на тековните сметки се намалиле за 13,8 проценти на месечна основа, додека на годишна основа оствариле мал раст од 0,6 проценти. Во декември, кредитите одобрени врз други основи се пониски за 2,5 проценти и 19,3 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно.

-Кредитите на корпоративниот сектор,  се зголемија за 2,2 проценти во декември во споредба со претходниот месец, како резултат на повисоките кредити одобрени во денари и во странска валута, со поголем придонес на денарските кредити. Годишниот раст од 3,3 проценти во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари, покажуваат податоците на Народната банка.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор во декември 2023 забележале раст од 6,6 проценти на месечна основа. Нагорната промена пред сè е одраз на повисоките депозитни пари, при помал позитивен придонес и на долгорочните и краткорочните депозити во странска валута, во услови на пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари. Споредено со декември 2022 година, растот на вкупните депозити изнесува 13,2 проценти, во поголем дел поради зголемените депозитни пари, при дополнителен придонес и на краткорочните депозити во странска валута и во денари и долгорочните депозити во денари.

Во декември лани, вкупните депозити на домаќинствата бележат месечен раст од 3,5 проценти, што во најголем дел е резултат на зголемените депозитни пари, а во позитивна насока влијаат и долгорочните депозити во странска валута и во денари, додека краткорочните депозити во денари и во странска валута забележаа намалување. На годишна основа, депозитите на домаќинствата остварија раст од 7,9 проценти, што се должи на повисоките долгорочни депозити во странска валута и во денари, како и депозитните пари, во услови на пад на краткорочните депозити во странска валута и во денари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: годишен расткредитна поддршка

НАЈНОВО

Случајно пронајдена бистата на Џим Морисон по речиси четири децении

May 20, 2025

Најмалку тројца ученици повредени во напад со нож во училиште во Финска

May 20, 2025

Зеленски во писмо до Трамп предлага Украина и САД да склучат договор за слободна трговија

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk