РИБАРО
Во својот кабинет во белата палата на вмровците, Мицкоски вежбал самоувереност пред огледало, и… одразот од огледалото побегнал во непознат правец, дознава АХА.
Наште извори кои сакаа да останат анонимни велат дека ова е многу необична случка дури и за објектот како што е вмровската бела палата.
„Видете, од белата палата нас ни бегаа претседатели на партија од гаража во гепек од кола и тоа беше многу чудно, ама ваков феномен каде бега одразот од огледалото во моментот додека човекот се огледува, досега ни се нема случено. Сигурно голема мака си имало огледалото. Најверојатно ќе да е резултат на последниве анализи и анкети што ги доби Мицкоски деновиве, а и на очајните настапи по телевизиите, каде не знае што зборува човекот. Сосема го разбирам одразот зошто се одлучил на ваков потег. Каква јадна самоувереност вежбал кутри Мицко?“, вели изворот на АХА.
– Брат не се издржуваше повеќе, морав да побегнам, кратко изјави за АХА, одразот од огледалото од Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK