ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓу европската иднина, опсесијата и тапанот на Путин

January 25, 2024 10:28
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Консумирајте одговорно. Овој текст може да предизвика гнев и проблеми во кардиоваскуларниот систем на радикалите, фашистите и рашистите.

Каков план може да се побара од некој што нема план, а и да сака да го има, не знае да го направи? Човекот нема план, има само желба, поточно, сомнително интензивна опсесија да биде премиер.

Јас не би купил кола од некој како него. Не само тоа, дури и да сакам да купам кола од него, постои многу висока веројатност дека нема да ја добијам – само ќе ми ги земе парите.

Токму за тоа се работи во случајот Х.

Тој бара власт без план. Прашањето е – дали на човекот треба да му се верува на зборовите (без план, а и без многу смисла) или да се гледаат постапките на партијата. Во неговиот случај, тоа му доаѓа некако исто. Неговите портпарол(к)и не кријат дека е нормално да не сакаат влез во ЕУ, затоа што не ги делат истите вредности.

Ветува дека со Бугарија ќе преговара за подобра преговарачка рамка, а таква не постои – таа е со ЕУ, не е со Бугарија. Цело време исполнува антимакедонска, проруска и антизападна агенда. Нека зборува што сака, гледам што прави. Изјавува дека токму неговата партија е проевропски ориентирана, а тој и братијата танцуваат со руската мечка, по тапанот на Путин. Тој му е ѕвезда водилка.

Веќе станува здодевно, но и мрачно, да се гледа и слуша како прави будали од сите околу себе и од јавноста. Грдо е да се гледа и како му се лигават новинарите.

Тој е радикален политичар и ултра националист. И тој и неговата партија, со чесни исклучоци, се задоени со длабока омраза против Албанците. Неговите пратеници држат фашистички говори и директно поттикнуваат етнички тензии (Чашка).

Тужи новинари и уредници, тој и неговите пропагандни кучиња ги спомнуваат новинарите во ТВ интервјуа и на социјалните мрежи.

Неговите крволочни пешадинци, со име и презиме, се закануваат со убиство – „Кај и да е, куршумот ќе те стигне“. Патем, МВР и обвинителството молчат (сѐ уште). Веројатно имаат поважна работа. Или чекаат случајот да го „реши“ техничкиот министер. Можеби чекаат тие закани да се остварат. Па ен-ве-о фолирантите да најдат изговор дури тогаш целосно да замолкнат и да прават „длабокоумни анализи“ и „извештаи од сенка“ за дебели европски пари, додека експертското им срце бие силно на Истокот.

Помалите (по обем) фашистички партии со смешни и лажни имиња се цицалчиња, пијат од отровното млеко на големата идеолошка биволица (партијата), чиј шеф е протагонистот на случајот Х. Тие се само нивна сенка, а некои дури се и „родени“ во морбидните лаборатории на грдата палата, под будното око на политички франкештајни од Истокот. Зошто да трошиме електронско мастило на нив? Знаеме од каде доаѓаат и каде тргнале.

Ако е за утеха, а не е, ни претстојат 100 дена возбудлива трагикомедија. Навистина, многу скапо ја плаќаме претставата, но тоа е вообичаено – сиромашниот двојно плаќа за сѐ.

А сега една вистинска утеха. Демократскиот Запад сѐ уште ѝ пружа рака на оваа земја, со конкретни чекори и недвосмислени пораки. Останува само уште да се види дали протагонистите во оваа белешка ќе ги напуштат своите идеолошко политички стопани и ќе се свртат кон подобрата, европска иднина на земјата. Или срцата ќе им останат заробени во сибирската ледена пустина.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Потпишан договор за соработка и размена на информации во електронска форма меѓу МВР и Управа за водење на матични книги

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk