ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: ЕУ бара изборите на северот на Косово да се одржат поскоро; во Звечан отстранет билборд со Вучиќ, Путин и Ѓоковиќ

January 26, 2024 11:13
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано го изрази ставот на ЕУ  дека новите локални избори на северот на Косово треба да се одржат што е можно поскоро, известуваат косовските медиуми.

Во Звечан, косовското МВР отстрани билборд со Вучиќ, Путин и Ѓоковиќ. Од таму велат дека во Република Косово нема место за фигури на диктатори, напаѓачи, агресори, Косово е демократска земја, јасно дефинирана со западните вредности, затоа од денес нема да бидат дозволени симболи на диктатори или земји кои се агресивни во однос на Косово, јавуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Епока е Ре: Брисел бара изборите на северот на Косово да се одржат што е можно поскоро

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, вчера изјави дека новите локални избори на северот на Косово треба да се одржат што е можно поскоро и позитивно го оцени собирањето потписи од српските граѓани за разрешување на актуелните градоначалници.

„ЕУ позитивно забележува дека процесот започна откако косовските Срби собраа потписи за започнување на процесот за разрешување на претседателот, во согласност со Управната инструкција. ЕУ ги повикува косовските власти да обезбедат непречено продолжување на процесот“, рече Стано, пренесе Епока е Ре.

Коха: Во Звечан е отстранет билбордот со Вучиќ, Ѓоковиќ и Путин

„Во Република Косово нема место за фигури на диктатори, напаѓачи, агресори. Ние сме демократска земја, јасно дефинирана со западните вредности, затоа од денес нема да бидат дозволени симболи на диктатори или земји кои се агресивни во однос на Косово и целата негова држава во ниту еден агол“, напиша министерот за внатрешни работи Џелал Свечла на Фејсбук, пренесе Коха.

Репортери: Српскиот динар ги „судри“ институциите на Косово со меѓународната заедница, се бара преиспитување на одлуката

Американскиот Стејт департмент преку портпарол ја повика Владата на Косово да ја разгледа одлуката на Централната банка за суспендирање на српскиот динар. Повикот дојде неколку дена по одлуката на Централната банка да го тргне српскиот динар од пазарот и по реакциите на Европската унија која побара за ова прашање да се разговара во Брисел, пренесува Репортери.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: „Целосно го поддржуваме СПАК“, Европската комисија жестоко и одговори на Грција за случајот Белери: Под истрага е, ова прашање му  припаѓа на правдата

Европската комисија и даде јасен одговор на официјална Атина, која неколку месеци се обидува да го блокира интеграцискиот процес на Албанија поради приведувањето на избраниот градоначалник на Химара, Фреди Белери, кој е обвинет за купување гласови на локалните избори минатата година, пренесе Топ Чанел.

Панорама: Доцнењето во спроведувањето на имиграциските закони во Грција масовно ги погодува Албанците

Грчките власти го одложија за април почетокот на имплементацијата на новиот Кодекс за имиграција, за разлика од она што се очекуваше да започне на 1 јануари годинава.

Здруженијата на албанските емигранти во Грција го поврзуваат доцнењето во спроведувањето на законите за имиграција со нискиот капацитет на човечки ресурси во грчките центри за справување со барањата на емигрантите, кои продолжуваат да одговараат со значително задоцнување дури и на тековните барања за дозволи за престој, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Сури: Како да се заштитите од следниот „Мекгонигал“?

„(практични совети)

Бидете убедени дека ќе има и други!

По два Мекгонигали на ФБИ, ќе има трет, четврти и така натаму, додека не се вразумиме…“, пишува авторот Гент Стразимири во колумната „Како да се заштитите од следниот „Мекгонигал“?, објавена во Сури.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Меџити: Со УНИЦЕФ и УСАИД успешно ја спроведовме кампањата за имунизација кај децата, ПЗЗ е еден од главните столбови

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk