ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Клоп објави шокантна одлука: Се повлекувам од функцијата менаџер на Ливерпул на крајот од сезоната

January 26, 2024 12:41
in BREAKING NEWS, ZOOM IN, ДЕНЕС, СПОРТ

Јирген Клоп ја објави својата одлука да се повлече од функцијата менаџер на Ливерпул на крајот од тековната сезона, откако ги информираше сопствениците на клубот за неговата желба да ја напушти функцијата кога ќе заврши сезоната 2023-2024.

Откако ги одведе „црвените“ до уште едно финале на Вембли во средата навечер, 56-годишниот Јирген Клоп ќе продолжи да ги надгледува преостанатите натпревари на тимот од 2023-2024 година пред да ја спушти завесата на славното осумиполгодишно менаџерско владеење на Енфилд, на кој клубот до денес освои шест големи трофеи под негово водство.

Помошниците на менаџерот Пепијн Лијндерс и Петер Кравиц, како и елитниот тренер за развој Витор Матос, исто така, ќе ги напуштат своите позиции на крајот на сезоната, при што Лијндерс сака да продолжи со сопствената кариера во менаџментот.

Потврдувајќи ја својата одлука за „Liverpoolfc.com“, Клоп ги наведе причините зад неа и времето на денешното соопштение, ставајќи особен акцент на потребата за јасност во првата можност за да се создадат услови за уредна транзиција да се случи во догледно време.

Тој рече: „Можам да разберам дека е шок за многу луѓе во овој момент, кога ќе го слушнете за прв пат, но очигледно дека можам да го објаснам – или барем да се обидам да го објаснам.

„Сакам апсолутно сè во овој клуб, сакам сè во градот, сакам сè за нашите поддржувачи, го сакам тимот, го сакам персоналот. Сакам се. Но, тоа што сè уште ја носам оваа одлука покажува дека сум убеден дека таа е онаа што треба да ја донесам.

„Тоа е дека сум, како да кажам, снемува енергија. Сега немам проблем, очигледно, веќе подолго време знаев дека ќе треба да го објавам во еден момент, но сега сум апсолутно убеден дека сега е моментот. Знам дека не можам да ја работам работата повторно и повторно и повторно и повторно. После годините што ги имавме заедно и после целото време поминато заедно и после сите работи низ кои поминавме заедно, почитта кон Ливерпул растеше, љубовта порасна кон Ливепул и најмалку што ви должам е вистина”, истакнува Клоп

Клоп во интервјуто се обидува да објасни дека не се работи за ништо друго туку дека едноставно мисли дека в година ќе нема енергија да го води клубот како што тој сака. Нагласува сето ова тешко му паѓа и нему, но дека е вистинска одлука во вистински момент, за да му се даде вмере на клубот да се припреми за промената. Клоп вели дека се повлекува од фудбалот барем на една година и дека нема шанса некогаш да води друг клуб од англиската Премиер лига по никоја цена.

„Скоро потпишав нов договор и бев пресреќен за тоа, тоа беше точно она што го сакав во тој момент. Една работа која не ја знаев и која ја потценив, беше фактот дека мојата енергија не е бесконечна, бидејќи никогаш немав проблем со тоа. И кога го осетив тоа, сфатив дека морам да им кажам на луѓето, дека тоа им го должам на сите. Веќе пробав да го објаснам ова, секако прво на Ула. Пробав да и објаснам дека јас сум како спортска кола, можеби не најдобрата, но прилично добра која може да вози 160,170,180 милји на час, но јас сум единствениот кој гледа дека мерачот за гориво оди надолу. Надворешниот свет не го гледа тоа, што е добра работа, па можам да продолжам се додека треба, но во еден момент треба одмор. Во тој случај треба да се оди на бензиска пумпа. Тоа е точно што морам да направам, но никој нема потреба да се грижи до крајот на сезоната, знам дека до тогаш ќе бидам добро.”, вели Клоп.

Клоп беше назначен за менаџер на Ливерпул на 8 октомври 2015 година. Тоа беше одлука што ќе го револуционизира клубот и ќе го воспостави како сила дома и во странство уште еднаш.

Под негово раководство, Ливерпул ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, Светското клупско првенство на ФИФА, ФА Купот, Лига Купот и Суперкупот на УЕФА, како и ФА Комјунити Шилд.

Извор: Liverpoolfc.com

Подготви: Ј. Ѓ.

 

Tags: Јирген КлопЛиверпул
Next Post

Тренчевска: Се уште чекаме информации од ЈО во Струмица за случајот со детето донесено на Детска клиника

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ристовски: Одбојкарите ќе добијат три милиони денари за пласманот на ЕП

August 18, 2025
Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk