ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Растечката употреба на средства за нега на кожата од страна на децата е опасна, велат дерматолозите

January 27, 2024 19:23
in ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ, МАГАЗИН, СВЕТ
Фото: BBC

Фото: BBC

Share on FacebookShare on Twitter

Растечкиот тренд на користење производи за нега на кожата од страна на осумгодишни деца може да доведе до трајни проблеми со кожата, предупреди Британското здружение на дерматолози.

Некои деца бараат од родителите да им купат луксузни козметички производи откако ќе видат дека ги користат нивните омилени инфлуенсери на платформи како YouTube и TikTok. Но, многу од овие производи содржат штетни активни состојки наменети само за возрасни, како што се киселините за пилинг кои можат да предизвикаат алергии или егзема.

Осумгодишната Сејди првпат видела видеа за нега на кожата на TikTok, каде што слушнала од инфлуенсерите „колку се добри на кожата“.

Таа беше особено примамена од производ од компанијата Bubble, кој „кога ќе го притиснете надолу, излегува во [облик на] цвет“, и американскиот бренд Drunk Elephant затоа што „и се допаднала амбалажата“. Брендот продава разни производи, од балсами за усни до хидратантни креми.

Со својата шарена амбалажа и логото како од цртан филм, Drunk Elephant е еден од брендовите кои најчесто се појавуваат во онлајн содржините за нега на кожа на возрасни и деца.

Содржините за нега на кожата се неограничени на социјалните мрежи и многу дневни рутински видеа привлекуваат милиони прегледи.

Вработените во Sephora и Ulta со седиште во САД велат дека децата често ги злоупотребуваат тестерите во продавниците и ги чистат полиците со производи веднаш штом ќе дојдат на залиха.

Конкретно Drunk Elephant стана толку популaрен што ја примора основачката Тифани Мастерсон да им каже на „децата и младите да се држат настрана од нивните помоќни производи кои вклучуваат киселини и ретиноли. На нивната кожа сè уште не и се потребни овие состојки“, вели таа.

Детскиот дерматолог д-р Тес Мекферсон вели дека е важно децата да добиваат „информации, а не дезинформации“ за нега на кожата.

„Голем дел од производитес се против стареење. Можеби се погодни за постара кожа – не се погодни за деца. Можат да предизвикаат иритација на кожата на која возраст и да сте – но за помладата кожа, тие можат да бидат потенцијално опасни или проблематични. За дете со егзема или чувствителна кожа, тие би можеле да предизвикаат значителни проблеми.

Подготви: Марта Пешевска

Извор: Би-Би-Си

Tags: децакожни проблемикозметика
Next Post

Аналгин

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk