ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Ѓорѓиевски за Студио на Слободен печат: Во 2022 година 10.000 учесници од Македонија заминале во странство преку Еразмус плус

January 29, 2024 14:12
in PMD, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Интересот за учество во Еразмус плус програмата од страна на учениците и студентите, расте секоја година, а секоја година се зголемува и квалитетот на апликациите, порача во интервју за Студио на Слободен печат, Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Во 2022 година над 10.000 учесници од Македонија заминале во странство, на мобилност, на пракса, на размена, што е навистина голема бројка и фидбекот што го добиваме е навистина добар и се надеваме дека оваа бројка ќе расте и во иднина.

Ние како Агенција, трета година по ред правиме работилница „Од идеја до проект“ за која има огромен интерес и оваа година имаше околу 300 до 400 апликации од професори од 40 различни места, каде опфативме професори кои имаат многу малку искуство со проекти, а тоа го правиме за да го зголемиме опфатот и да вклучиме што повеќе учеснции во Програмата“ посочи Ѓорѓиевски.

Директорот Ѓорѓиевски посочи дека Агенцијата ги следи светските политики и дејствувања и дека во последните години покрај редовното функционирање, акцент се става и на зелената агенда и зелените политики.

„Зелената агенда е еден од четирите главни приоритети на Програмата и ние сакаме тоа да ни биде приоритет над приоритетите бидејќи знаеме во какво општество живееме. Знаеме дека грижата за животната средина и борбата против климатските приомени и тоа како треба да бидат на пиедесталот и на настрана од проектите на Националната агенција ние сметавме дека треба да влеземе во една фаза на унапредување на животната средина и преку голем број на акции. Такви беа акциите за чистње на Водно, за пошумување на паланечкиот регион како и садење дрвја во градинки и учлилишта во Град Скопје тоа поомина доста добро и затоа за оваа година предвидовме двојно поголем буџет за зелени активности“ порача Ѓорѓиевски.

Next Post

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk