Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) – вели дека за жал, политиката што ја води ВМРО-ДПМНЕ постојано и со години е политика на опструирање и попречување на сите важни демократски процеси за земјата и за сите нејзини граѓани, вклучувајќи ги тука и изборите.
– Неоспорен факт е дека земјава има далеку подобри оценки за организирањето на изборите во годините по падот на автократскиот режим на ВМРО-ДПМНЕ, кој владееше со брутално нарушување на изборните процеси, контрола на медиумите, злоупотреба на буџетот и институциите во функција на изборна пропаганда и притисоци врз гласачите, за што говореа бројни извештаи на меѓународни и домашни организации и набљудувачи. Исто така, да потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ иако не беше на власт победи на локалните избори пред две години, а техничката влада по моделот договорен во Пржино е политичко решение донесено токму поради недемократското владеење и организирање на избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ како власт, вели Сарачаини за „Фронтлајн“.
Затоа, додава тој, ваквото деструктивно однесување и барање на оправдувања едноставно не држи вода.
– ВМРО-ДПМНЕ по сè изгледа не може да излезе од оваа матрица на опструкции, и постојано се обидува да фрли дамка на изборите. Можеби дел од причините за ова однесување лежи во стравот од соочување со политичките противници од владејачките партии, кои по сè изгледа ќе настапат заеднички на овие избори, што ги намалува драстично шансите на ВМРО-ДПМНЕ за победа и освојување на власта, потенцира тој.
Дестан Јонузи
Поврзано:
ВМРО-ДПМНЕ во „канџите“ на деструктивноста – не им е важен државниот интерес