ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Таравари ја избра албанската опозиција, Села е против!

February 3, 2024 19:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Алијансата за Албанците (AA) Арбен Таравари преку обраќање до јавноста објави дека бара партијата на следните парламентарни избори да се натпреварува како дел од коалицијата Европски сојуз за промени, во состав на опозиционите партии на Албанците, Беса, Демократското движење и Алтернатива. Сепак, конечната одлука се очекува да ја донесе Централното собрание на АА.

Според Таравари – народот бара промени и борба против корупцијата, па од партиските органи на Алијанса побара поддршка за оваа одлука.

„Граѓанинот бара промени! Народот бара политички систем ослободен од епидемијата на корупција, која стана најголемата пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија. Во својство на претседател на Алијанса за Албанците, јавно го поканувам Собранието на партијата да ме поддржи на ова патување и заедно да го водиме овој процес што го нарекувам Голема и долгоочекувана промена”, нагласува претседателот на АА, Арбен Таравари.

Според него, промената никогаш не била посигурна и поопиплива и никој нема поголем кредибилитет од AА да ја донесе оваа промена.

„Ние сме на нашиот пат, ние сме на патот што го трасираше Арбен Џафери. Овој пат ќе нѐ однесе таму каде што припаѓаме, во големото европско семејство, секогаш негувајќи го нашиот постојан сојуз со САД и НАТО, со кои ја делиме иста визија и исти вредности. Верувајќи непоколебливо во моите сопартијци и во нашата заедничка визија, ја барам нивната доверба да Алијансата за Албанците влезе во изборна трка со албанската опозиција и заедно да продолжиме да го правиме најдоброто за оваа земја“, изјави Таравари.

На крајот, Таравари посочува дека ретки се случаите кога ви се дава можност да испишете историја, додека можноста е пред нас и дека мора таа да ја испишеме.

Претседателот на Централното Собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со остри зборови се огласи против лидерот на партијата Арбен Таравари, откако тој побара АА на претстојните избори да настапи заедно со албанската опозиција.

„Поединецот, во овој случај претседателот на партијата, не е орган на одлучување. Тој има право да предлага до органот кој има право да одлучува, а тоа е Претседателството на партијата кое во моментов има една одлука, а тоа е дека Алијанса за Албанците се натпреварува сама на изборите. Друго тело за одлучување е партиското Собрание. Тенденциите партијата да се шверцува за сметка на не-знам-кој преку Фејсбук статус е сериозно кршење на Статутот на партијата, за што претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи. Обидите на претседателот на партијата ставот искажан преку социјалните мрежи да го прикаже како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките линии на Алијанса за Албанците,“ реагираше Села.

Министерот за правда кој доаѓа од редовите на АA, Кренар Лога, во реакцијата до Таравари вели дека АA не разгледала никакви понуди во своите партиски органи, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание во однос на предизборното коалицирање.

„На сила е одлука на Централното Претседателство, која ЕДНОГЛАСНО беше изгласана, да одиме сами на избори. Го повикувам Собранието на АА да го почитува едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е: АА САМА ДА ОДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2024!“, рече Лога.

Пратеничката на АА – Илире Даути е на иста линија со претседателот на Собранието на АА, Зиадин Села.

„Предлозите се доставуваат до Претседателството и таму се носат одлуки, па доколку поминат, се проследуваат до Централното собрание. Единствениот предлог што помина на Претседателството, за кој вие самите гласавте е: Алијанса за Албанците сама да излезат на избори. Толку зборувавте за демократија и против диктатура, вечерва го направивте спротивното. Да ја зачуваме Алијансата за Албанците и нашите вредности што ги градевме со години,“ вели Даути.

И пратеникот Елми Азири, како и неговата колешка Илире Даути, застанува покрај Зиадин Села.

„Понуди за коалиции досега не стигнале до партиските органи! Единствената одлука на раководството на партијата е Алијансата сама да излезе на избори!“ – вели пратеникот Елми Азири.

Преку социјалните мрежи се огласија и претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами и Изет Меџити од Демократското движење, кои ја поддржаа одлуката на Таравари.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Алијанса за АлбанцитеАрбен Таравариизборикоалиција

НАЈНОВО

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

СЗО: Два милиона луѓе гладуваат во Појасот Газа

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk