Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, во спроведена акциска контрола на територијата на државата, биле санкционирани се 711 возачи.
– Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 345 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 366 надвор од населено место, известуваат од полицијата.