ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров – Христодулидес: Развојот на билатералните односи ќе почне со бизнис и економските врски

Следната недела се очекува првиот кипарски амбасадор во Северна Македонија да ги достави акредитивните писма, а истото се очекува и од нашата земја

March 4, 2020 18:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Главна причина за мојата посета е да пренесам силна политичка порака од земја членка на ЕУ за европската перспектива на Северна Македонија. Земјата направи навистина сериозни напори за напредок на реформската агенда и исполнување на критериумите и сега на ред е ЕУ“, изјави министерот за надворешни работи на Кипар Никос Христодулидес на прес-конференција по средбата со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Кипарскиот министер изрази задоволство што напорите на нашата земја се јасно препознаени во извештајот на Европската комисија објавен пред два дена, во кој се вели дека Северна Македонија испорачала значителни резултати во остварување на реформите за приближување кон ЕУ, нагласувајќи дека тоа ќе биде земено предвид на претстојниот европски самит.

 

Христодулидес, кој е прв шеф на кипарската дипломатија во посета на нашата земја, посочи дека првиот амбасадор од Република Кипар во Северна Македонија до крајот на следната недела треба да ги достави акредитивните писма, а очекува истото да го стори и нашата земја.

„Разговаравме за темите кои се поврзани со развојот на нашите билатерални врски и можностите кои стојат пред нас за отворање. Има голем интерес од кипарските бизнисмени за инвестирање во вашата земја и се договоривме да организираме бизнис форуми во Скопје и во Никозија. Договоривме потпишување на договор за избегнување на двојно оданочување“, изјави Христодулидес.

Вашата земја, нагласи Христодулидес е добро позната во Кипар, каде еден од најдобрите фудбалери, Иван Тричковски е од Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, од своја страна, рече дека ова е историска посета на кипарски МНР на нашата земја, што следи по воспоставување на првите дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Кипар пред шест месеци.

„Имавме многу отворен, пријателски и плоден разговор, во најголем дел насочен кон европскиот пат на нашата земја и напорите за отворање на преговорите, по решавање на тешките прашања и реформите препознаени во најновиот извештај“, изјави Димитров.

Празните страници од меѓусебната соработка, посочи Димитров, ќе ги пополниме со позитивна соработка во сите сектори.

„Ќе почнеме со бизнис и економските врски. Набрзо ќе го постигнеме и нашиот прв билатерален договор за избегнување на двојно оданочување. Во втората половина од годината ќе разговараме и за тоа како да ги зближиме бизнис заедниците од двете земји“, изјави Димитров.

Кипарскиот министер Никос Христодулидес денеска беше примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да оствари средба и со премиерот Оливер Спасовски.

Next Post

Условна казна од 6 месеци за оддавање службена тајна за уредникот на „Инфомакс“

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk