Во петок 9.2.2024 година со почеток во 18.30 часот ќе се одржи настан со панел дискусија на тема „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ во Даут Пашин Амам во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје.
Како што информираат од Фондацијата, настанот ќе започне со воведни излагања на потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и претставничката на Фондацијата Фридрих Еберт Хелен Кортлаендер.
На панелот насловен „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ свои излагања ќе имаат претседателот на Социјалдемократската партија на Германија Ларс Клингбаил, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Движењето „Самоопределување“ и премиер на Република Косово Албин Курти, потпретседателката на Демократската партија од Србија Драгана Ракиќ, претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП) Драган Ѓилас, претседател на Социјалдемократската партија на Црна Гора Иван Вујовиќ, потпретседателот на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора Иван Вуковиќ, потпретседателката на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина Лана Прлиќ, како и генералниот секретар на Социјалистичката партија на Албанија Бленди Клоси.