ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓу стравот и молкот: Кому му пречат „црните листи“?

February 12, 2024 11:52
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
DeepAI

DeepAI

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Имајќи предвид што предвидуваат измените на Законот за рестриктивни мерки, воопшто не е чудно зошто десничарите на Левица се обидоа да ги блокираат на собраниската седница на 9 февруари. За нивниот предлог гласаа самите (двајца), воздржан беше еден (погодете кој). Интересно е што предлогот на квази левичарите беше надгласан со 60 гласови, иако во парламентот беа регистрирани 103 пратенички и пратеници (17 отсутни, настинати или по приватна работа, не знаеме).

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, иако присутни, не гласаа. Како може да се протолкува тоа? Едноставно, како премолчана поддршка на дуетот Апасиев-Крмов, кои ќе останат запаметени по своето дивеење на собраниската седница во ноември 2023, кога кршеа и физички ги нападнаа потпретседателите Мисовски и Иванова.

Зошто измените во Законот за рестриктивни мерки им пречи на радикалите? Затоа што предвидуваат законска можност за истражни дејствија и судско процесирање на оние што се наоѓаат на „црните листи“ на САД и Обединетото Кралство.

Интересно е да се види и кои други се спротивставија на законските измени со кои може да се спроведуваат санкции против оние што се наоѓаат на „црните листи“.

Претседателска кандидатка на „левичарите“, Билјана Ванковска, на социјалните мрежи остро се спротивстави против измените, велејќи дека „денешната божем демократска држава ги подложува своите граѓани на волјата и на властите (и разузнавачките служби) на туѓи држави.“ Така, отпорот против „црните листи“ доби и „академска“ поддршка.

Може лесно да се претпостави кои медиуми побрзаа да ѝ дадат простор на госпожа претседателска кандидатка.

Симптоматично: И оваа неславна епизода од односот на овие „бранители“ кон напорите да се зајакне борбата против корупцијата, остана практично незабележана во јавноста.


Текстот е личен став на Авторот. (При преземање, задолжително да се наведе изворот и линкот: ЦИВИЛ)
Tags: АнтикорупцијаЗакон за рестриктивни меркицрни листи
Next Post

Налепници „НМК“ има во погoлем број од кумановските станици за технички преглед

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk