„Струјата е наша и тоа е умешноста на преговарање. Држава не се води според апетитите на една Палата, држава се води на структуиран начин и на институционален начин. Морам да го бранам интересот на граѓаните, мора да обезбедам иднина за нашите деца, мора да обезбедам чист воздух за нашите деца“, изјави вицепремиерот Битиќи на „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека затоа ќе има Стипион во Штип, во Пехчево, затоа ќе има една хидроцентрала којашто ќе балансира низ целата држава. Се додека јас и оваа проевропска влада е на власт Британските Девствени Острови не е држава од која сакаме да имаме инвеститори.
„Нашата држава ќе купи електрична енергија во којашто ќе направи профит од таа електрична енергија затоа што ќе се користи за да се надомести недостатокот на електричната енергија и да се направи енергетската транзиција. Поставената формула е во полза да нуди секогаш поевтина цена“, заклучи Битиќи.