ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во посета на Генералниот конзулат во Венеција: Кризата со зголемените барања за нови патни исправи, ќе ја надминеме со најдобра можна реорганизација

February 19, 2024 09:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера го посетил Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција, каде што е направена дополнителна реорганизација на работата со цел излегување во пресрет на што е можно поголем број наши државјани и скратување на нивното време на чекање за подигање нови патни исправи.

Како што соопштија од МНР, од сега, Генералниот конзулат во Венеција, ќе работи во две смени, како и во сабота и недела, а ова работно време ќе трае се до нормализирање на ситуацијата и намалување на барањата на нашите државјани за конзуларни услуги.

Мобилната станица, која се користи во Конзулатот во Венеција, како што се посочува, согласно однапред утврден распоред се користи и во Амбасадата на Република Северна Македонија во Рим и во Малта.

Министерот Османи, се наведува, побарал од дипломатите во претставништво да вложат повеќе напори, со цел да се скрати времето на чекање при поднесување на барање и подигнување на патните исправи.

-Комодитетот на нашите државјани кога доаѓаат во Конзулатот како и брзите и ефикасни услуги, претставуваат приоритетна задача за сите нас. Има бројни предизвици, но мора да се организираме на најдобар можен начин. Ова е вонредна состојба, меѓутоа причината за што постојат претставништвата е токму олеснување и надминување на постапките преку дополнителен ангажман, истакнал Османи.

Воедно, Османи разговарал со наши државјани, кои чекале пред Конзулатот за нивни потреби, со цел, се наведува, лично од нив да слушне кои се проблемите со кои се соочуваат и како сметаат дека би било подобро за на сите да им се олесни работата.

На прашање од наш државјанин дали може со старите пасоши да се вратат во земјава, Османи истакнал дека тоа е можно, но оти најдобро е да извадат патен лист.

-Може, само ризично е, на пример ако имаш само седум дена одмор од работа, да не го добиеш таму во Скопје, а не можеш да се вратиш. Значи можеш да одиш, најбезбедно е да земаш патен лист кој сега може да го добиете бесплатно, рекол Османи.

Со зголемување на бројот на барањата за конзуларни услуги од страна на нашите државјани кои живеат во странство, Министерството за надворешни работи целосно ја реорганизираше работата на дипломатко-конзуларните претставништва, преку зајакнување на капацитетите со дополнителни дипломати, со воспоставување во функција на дополнителни мобилни станици за сликање за нови патни исправи и преку работа во две смени и работење во сабота и недела, наведуваат од МНР.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера престојуваше во Берн, Швајцарија, каде што во Амбасадата на Северна Македонија донесе дополнителна мобилна станица за фотографирање, за да се забрза процесот на издавање на парни исправи на нашите државјани. Дополнителна мобилна станица за фотографирање, Османи завчера однесе и во конзуларното одделение во Бон, Германија.

Next Post

Сослушување за акциите на Израел на окупираните палестински територии пред Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk