За состојбите, но и за решенијата на проблемите поврзани со деструктивниот потенцијал што го носи говорот на омразата, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Говор на омраза: Состојби и решенија“, говорат Снежана Трпевска, Институт РЕСИС, експертка за медиуми и медиумско право, Петрит Сарачини, активист, новинар и експерт за медиуми, и Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка. Модератор на панелот е Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.