Максим Димитриевски ќе биде кандидат за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, соопшти денеска партискиот портпарол Никола Мемов.
Како што соопшти Мемов на прес-конференција, од утре почнува постапката за собирање потписи.
Според него, граѓаните првпат ќе имаат можност да гласаат за одредена опција, а не како досега, да гласаат против.
Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски во општинските канцеларии на ДИК, нагласи Мемов.