„Пристапувањето кон набавување и пуштање во употреба на новите лични документи беше
правно возможно единствено преку усогласување на правната рамка во која се уредени
новите лични документи. Но, евидентна беше намерата на опозициските политички партии,
ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со нивниот поднесок од над 1.200 амандмани на законските решенија.
На крај, ако ја погледнете математиката, ако се издавало од 1 јули 2021 до 12 февруари 2024
континуирано, секој работен ден, со максимален капацитет на машината од 3.000 обрасци,
бројката која би се постигнала изнесува 1.890.000, а бројката од важечки пасоши е вкупно
1.803.083“, изјави заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада, Митко Бојмацалиев во интервју за „Локално“.
Тој додаде дека е сосема очекувано да се создаде зголемена фреквенција во управните
служби, под паролата „Северна Веднаш“, како уште една во низата предизборни алатки на
опозиција.
„Сметам дека е време да ги надминеме ваквите политиканства и наместо тоа да се
фокусираме на постигнатите резултати. Како МВР ги создадовме сите услови за навремено
издавање на личните документи, но жалам што исто така беа создадени сите услови за оваа
смислена политичка манипулација“, потенцираше Бојмацалиев.
Тој додаде дека Законот поднесен од страна на опизицијата нема никаква правна вредност,
ниту во македонската законска регулатива, ниту пак во меѓународното право.
„Она што го бараат граѓаните секојдневно е повторно воведување на пункт без претходно
закажување како што беше во станицата „Пролет”. Беше најавен трансформативен процес,
онлајн закажување кое веќе доцни две недели. Погрешните одлуки доведоа телефонските
линии да се преоптеретени, граѓаните да не можат да воспостават врска по 7-8 дена. Жалам за
ваквите одлуки. Но, оптимист сум дека со ресурсите со кои располага Министерството може да
се заврши процесот до крајот на август“, заклучи Бојмацалиев.