ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи ги собра потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура

Претседателскиот кандидат на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи, вечерва објави дека ги собрал потребните 10.000 потписи потребни за претседателската кандидатура.

February 26, 2024 20:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателскиот кандидат на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи, вечерва објави дека ги собрал потребните 10.000 потписи потребни за претседателската кандидатура.

-Веста дека се собрани над 10 илјади потписи, ме најде во домашен амбиент додека ја барав поддршката и од моите најблиски, сега со поддршката на Ваљбона, Елиза Мал и Луан и над 10 илајди потписи кои се собраа во рекордно време, за два работни дена се најгоелмото признание, но пред се голема обврска да велзам со најголемата сериозност во оваа историска кандидатура за претседател на Рeпублика Северна Македонија, објави Османи на својата Фејсбук страница.

Османи порача дека посакува позитивна кампања, како што вели, „да се натпреварува со идеи и дела“ и се заблагодари на сите за големата поддршка.

Од ДУИ во меѓувреме, во соопштение до медиумите изразија благодарност, како што се наведува, „до секој граѓанин кој го стави својот потпис во регионалните центри на ДИК, давајќи поддршка за нашата нова кауза, сосема легитимното право за првиот претседател Албанец“.

-Заедно да го реализираме најважниот референдум на нашето време за да ги усвоивме уставните измени за избор на претседател со 2/3 од гласовите во Собранието и со Бадентерово мнозинство и амандманите од Договорот за добрососедство за да го продолжиме патот на европската интеграција, стои во соопштението на ДУИ.

Заклучно со податоците на Државната изборна комисија од 25 февруари до 20 часот, на второ место е градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој до вчера до 20 часот собрал 5923 потписи, додека Билјана Ванковска, кандидатката на Левица, досега има 4478 потписи.

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски има бројка од 3091 потпис, по што следи кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари кој има 1645 потписи. Останатите претенденти за претседателска кандидатура се под 1000 потписи. нд/вј/

Next Post

Македонските кошаркари ја совладаа Полска во евроквалификациите

НАЈНОВО

СЗО евакуира 41 дете и 145 придружници од Појасот Газа

October 23, 2025

СДСМ: Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќање на мигранти и отворање кампови во Македонија

October 23, 2025

Калас: Со 19-от пакет санкции ја лишуваме Русија од можности за финансирање на војната во Украина

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk