Честа на македонската атлетика на претстојното Светско првенство во сала ќе ја брани државниот рекордер во скок во далечина Андреас Трајковски, соопшти денеска Атлетската федерација на Македонија (АФМ).
Светското првенство во сала ќе се одржи од 1 до 3 март во шкотскиот град Глазгов.
„Единствен наш претставник ќе биде Андреас Трајковски кој со своите одлични скокови успеа да обезбеди пласман на ова големо натпреварување“, соопшти АФМ.
Трајковски во пресрет на Светското пренство во Глазгов го подобри македонскиот рекорд, прескокнувајќи 7.79 метри на неодамнешното Балканско првенство во Истанбул.