Новинарот и политички аналитичар Дритон Зенку во изјава за „Фронтлајн“, вели дека најверојатно во вториот круг од претседателските избори битката ќе се води меѓу Стево Пендаровски и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
– Ако зборуваме за двајцата кандидати кои најверојатно ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори, предностите на актуелниот претседател Стив Пендаровски се во повеќе правци. Прво Силјановска влезе во трката како губитник на претходните избори. Второ, Пендаровски е во апсолутна корист во однос на надворешната дипломатија. Силјановска со политиките што ги застапува може да има пристап само до Москва, Белград и некои центри кон Вашингтон и Брисел. Трето, ако зборуваме за Албанците, Пендаровски има отворена врата, а Силјановска затворен прозорец, изјави Зенку за „Фронтлајн“.
Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски по третпат влегува во трката за да биде реизбран како „татко на нацијата“. Тој ќе биде кандидат на владејачката СДСМ и нејзините традиционални партнери.
Дестан Јонузи
Поврзано:
Кој е Стево Пендаровски, претседателот што е респектиран и ги освои симпатиите на граѓаните