ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Нови избори во Белград: СНС не може да обезбеди мнозинство во градското собрание

March 2, 2024 14:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателството на Српската напредна партија (СНС) по денешната седница соопшти дека е донесена одлука да се оди на нови избори во Белград, објави N1.

Втората одлука е на овие избори да се оди со „што е можно поширок фронт“.

Утре СНС ќе започне со кампања во Шумице, истакна досегашниот градоначалник на Белград, Александар Шапиќ, додавајќи дека датумот на изборите ќе биде одлучен подоцна.

„Белград стои веќе пет месеци и ние сме свесни за важноста на ЕКСПО, кој е моторот на придвижување на Србија, и затоа сметаме дека изборите треба да дојдат што е можно поскоро“, додаде Шапиќ.

Претходно денеска, српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека го советувал раководството на Српската напредна партија да оди на нови избори во Белград, за, како што рече, да не се повтори грабежот од 2008 година.

„Многу е важно да се оди на нови избори, затоа што е подобро да се изгуби власта отколку да се учествува во таков вид на кражба на изборите што Србија ја виде во 2008 година. Тоа е мојот совет и моето барање за вас“, рече Вучиќ, обраќајќи се на партиски колеги од СНС.

Вучиќ алудираше на постизборното коалициско формирање влада, на која во 2008 година и се приклучија сегашните партнери на СНС – социјалистите на Ивица Дачиќ, а за градоначалник беше избран еден од лидерите на денешната опозиција Драган Ѓилас.

Конститутивната седница на белградското Собрание беше одложена вчера, по втор пат за две недели, што го направи речиси извесно повторувањето на изборите во главниот град на Србија, бидејќи владејачката СНС не може да обезбеди легитимно мнозинство советници по изборите во декември 2023 година. за кои опозицијата тврди дека се украдени.

Г. Т.

Tags: БелградВучиќизбориСНС
Next Post

Едноставна процедура за добивање работна дозвола за единствениот пазар на Отворен Балкан

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk