Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во објава на социјалните мрежи вели дека „СДСМ е најсилна кога е најтешко“.
Тој нагласува дека за кандидатурата на Стево Пендаровски за преседател, во еден ден се собрани над 22 илјади потписи.
„СДСМ е најсилна кога е најтешко! За само еден ден:Собрани над 22 000 потписи за Стево во рекордно време!Марш со над 7 000 жени во Кавадарци!Конгрес со над 1 000 делегати!Вашите лажни анкети ги трескаме од земја во реалноста!Да живее СДСМ и Европска Македонија“, пишува Богоев