Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и граоначалникот на Прилеп Илија Јованоски извршија увид во реконструкцијата на делница од Дреново до Фариш.
Инвестицијата е со вредност од 1,5 милиони евра со што целосно ќе се реконструира делницата во ширина од 6,7 метри која воедно е и најоштетена од овој пат, вели Сугарески.
Тој најави дека целосно ќе се реконструира и делот од Фариш до Прилеп со што ќе се добие нов рехабилитиран пат од Градско до Прилеп.
– Ова е главната врска што не спојува нас жителите од Прилеп, од Битола, Ресен со Централниот и Источниот дел од земјата и затоа мораме се до изградбата на експресниот пат, оваа делница да биде безбедна за сообраќај и реконструирана по сите стандарди., нагласи Сугарески