ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Случајот „Грдец“ се враќа во албанскиот Специјален суд за корупција; СП бара дисциплински мерки за 3 демократски пратеници; Република Српска и нападот во Бањска ги загрижува Берлин и европските престолнини

March 6, 2024 12:33
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Специјалниот суд за корупција и организиран криминал во Тирана, денеска ќе се одржи рочиште за поранешниот министер за одбрана, Фатмир Медиу, за трагедијата со експлозијата во Грдец.

Косовските медиуми ја пренесоа анализата на германски „Дие Велт“, за состојбите во Косово по нападот во Бањска, односно, за загриженоста на Берлин и европските престолнини.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Во Специјалниот суд за корупција почнува рочиштето за поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу за случајот „Грдец“

Следното рочиште за поранешниот министер за одбрана, Фатмир Медиу, поврзана со трагедијата во Грдец, се одржува оваа среда (денеска)  во Специјалниот суд за корупција и организиран криминал.

Претходната сесија, одржана на 21 февруари, беше одложена поради отсуство на судијката Ирена Ѓока.

Медиу е обвинет за злоупотреба на власта од страна на СПАК во врска со трагедијата во Грдец, каде од експлозијата на работилницата за демонтирање оружје загинаа 26, а стотици беа повредени, пренесе Топ Чанел.

Репортери: Тензии во Собранието, СП бара дисциплински мерки за 3 демократски пратеници

Групата на СП побара дисциплински мерки за тројца пратеници од опозицијата: Фламур Нока, Бледион Налбати и Саимир Кореши.

Барањето е поврзано со тензиите за време на понеделничката седница во Собранието, каде пратениците од опозицијата го блокираа зборот, спречувајќи го говорот на пратениците од мнозинството, додека пратеникот Фламур Нока се судри со вработен во Гардата.

Секретаријатот за етика заседава денеска  во 13:00 часот за одлуката, пренесува Репортери.

КОСОВО

РСЕ: Зошто Русија бара апсење на најмалку тројца косовски полицајци?

Русија е во потрага по четири  државјани од Косово, од кои најмалку тројца полицајци, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

Радио Слободна Европа достави документи кои покажуваат дека Русија ги смета тројцата полицајци за осомничени за кривични дела „незаконско апсење“ и „киднапирање“, кои во Русија се казнуваат со затвор до 12 години.

Барањето за нивно апсење е испратено и до Меѓународната полициска агенција ИНТЕРПОЛ.

Русија тврди дека овие полицајци биле вклучени во „апсењето и малтретирањето“ на Михаил Красношченков во 2019 година.

Красношченков, со руско државјанство, тогаш бил вработен во Мисијата на Обединетите нации на Косово – УНМИК.

Зери – Die Welt: Република Српска и нападот во Бањска  ги загрижува Берлин и европските престолнини

ЕУ долго време го запостави Западен Балкан и гледа како старите конфликти повторно се разгоруваат. Русија сакаше да ја искористи можноста за да се зацврсти во регионот. Германскиот министер за надворешни работи сака да ја поправи оваа стратешка грешка. Но, таа има проблем.

Тоа е мешавина од автократска политика, руско влијание, организиран криминал и територијални спорови кои се повеќе го дестабилизираат Западен Балкан. Набљудувачите се согласуваат дека Европа ќе биде безбедна на долг рок, само ако земјите од регионот се цврсто интегрирани во заедницата на држави.

Вака пишува германскиот медиум „Дие Велт“ опишувајќи ја посетата на германскиот дипломат на Црна Гора и Босна и Херцеговина на почетокот на март, пренесува Зери.

Перископи: Косовскиот државен врв денеска на поклонување во Преказ

Во рамки на државните активности по повод одбележувањето на 26-годишнината од Епот на ОВК, претставници од државниот врв  ќе се поклонат во Меморијалниот комплекс „Адем Јашари“, пренесе Перископи.

КОЛУМНА

Коха: Во канџите на Кремљ

„Минатиот ноември во германските медиуми се дозна дека новинарот Хуберт Сејпел, познат по интервјуата со Владимир Путин, добил 600.000 евра од Русија за да напише книга. Сејпел беше редовен гостин на германските телевизиски емисии. Тој ја објасни Русија на германската јавност. Држеше реферати. Пишуваше книги. Кога се дозна дека Сејпел добил пари од Русија, неговата германска издавачка куќа престана да ја продава неговата книга за владеењето на Путин. Но, штетата  веќе беше направена.

Друг пример: со години е познато дека поранешниот канцелар Герхард Шредер не е само вработен во руските гасни компании, туку и пропагандист во служба на Путин.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Во канџите на Кремљ“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: албаснки медиумиизборрегион
Next Post

Бочварски: Инвестираме во изградба на локални патишта за подобри услови на граѓаните

НАЈНОВО

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk