ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бајден за вториот мандат ветува пониски даноци за семејствата, поевтин третман

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го објави предлог-буџетот за вториот мандат што сака да го добие на ноемвриските избори, а основата е порака до самите гласачи: даночни олеснувања за семејствата, помали трошоци за здравствена заштита, повисоки даноци за богатите и корпорации, помал буџетски дефицит.

March 11, 2024 20:57
in ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 

Иако предлогот за фискалната 2025 година нема шанси да добие одобрение од Конгресот на САД, каде Сенатот го држат демократите на Бајден, а Претставничкиот дом го држат опозициските републиканци, тој им дава на гласачите идеја за тоа што Бајден може да им понуди ако успее да биде пшовторно преѕседател и демократите да ја преземат контролата на двата дома.

Минатата недела претседателот и неговите соработници генерално го соопштија предлог-буџетот, а денеска беа презентирани деталите.

Купувачите на домови би можеле да добијат даночен кредит до 10.000 американски долари, а 10 милијарди долари помош во аванс ќе им биде обезбедена на купувачите кои првпат купуваат домови.

Планирано е и зголемување на корпоративните даноци, а милијардерите ќе треба да плаќаат најмалку 25 отсто од приходите како даноци.

Бајден во говорот минатата недела рече дека здравствената програма Медикер ќе треба да добие моќ да преговара за цените на 500 лекови на рецепт, што ќе заштеди околу 200 милијарди долари во следните 10 години. Не беше прецизирано кои лекови ќе бидат предмет на такви преговори.

Важен дел од буџетскиот план е да им се помогне на семејствата да ги добијат основните потреби, со оглед на рекордната инфлација. Предлог-буџетот вклучува 258 милијарди долари за изградба или реновирање на два милиони домови и станови за да се олесни недостигот на станови што ги зголемува кириите.

Родителите кои заработуваат помалку од 200.000 долари годишно би имале пристап до државна грижа за деца, а повеќето семејства кои би се квалификувале за таа помош би трошеле не повеќе од 10 долари дневно.

Вклучени се и олеснување за студентски заем и 12 милијарди долари за универзитетите да развијат стратегии за намалување на трошоците.

Според предлог-буџетот, за одбрана се предвидени околу 900 милијарди долари. Ова вклучува помош за Украина, Израел и другите сојузници на САД, како и хуманитарна помош за Палестинците, средства за домашно зголемување на работната сила и ресурси за подобро обезбедување на јужната граница на САД, преку која мигрантите влегуваат од Мексико.

Доколку буџетот на Бајден стане закон, дефицитот би можел да се намали за три илјади милијарди долари во текот на оваа деценија, даночните приходи ќе се зголемат за 4,9 милијарди долари за тоа време, а 1,9 милијарди долари ќе се користат за различни програми. Остатокот би бил за дефицитот.

Помошниците на Бајден тврдат дека нацрт-буџетот е реален и детален и дека тоа не се финансиски одржливи мерки предложени од опозициските републиканци во случај да победат на изборите.

Републиканците во Претставничкиот дом во четвртокот ја отфрлија резолуцијата за буџетот за следната фискална година

Конгресот се уште работи на буџетот за тековната фискална година. Во саботата, Бајден потпиша закон за пакет од 460 милијарди долари за да избегне гаснење на финансирање на неколку федерални агенции, но пратениците се само на половина пат од трошењето на оваа фискална година.

Next Post

Николовски: Браната Конско е важен проект од национален интерес

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk