Заменик министерот за финансии, Филип Николовски во интервју за Слободен печат истакна дека
во последните години се успеало да се воведе системко решение за постојан раст на минималната
плата
„Поставивме систем и за раст на минималната плата и поради тоа системско решение овој месец
ќе имаме нов раст на минималната плата која ќе порасне над 12% и ќе достигне над 22.500
денари, а до сега беше 20.175 денари. Во овие две години откако го поставивме тоа системско
решение, минималната плата која беше 15.000 денари, сега со ова последно покачување, ќе
имаме раст на минималната плата од 50 проценти, односно од 15.000 на 22.500 денари“ рече тој.
Николовски посочи дека тој раст на минималната плата влијаел и на раст на просечната плата, а
најави и дека неговата партија СДСМ во предизборната кампања ќе излезе со конкретно ветување
за просечна плата од над 1.000 до крајот на следниот мандат, односно до 2028 година.
Тоа, според него ќе биде реално и остварливо.
„Согласно последниот податок од Заводот за статистика, просечната плата во декември 2023
година изнесуваше скоро 40.000 денари, односно 39.998 денари и ние она што го ветивме во
предизборниот период пред четири години дека просечната плата ќе биде 30.000 денаро, не само
што го достигнавме туку тоа ветување за 33% го натфрливме, односно просечна плата од 30.000 на
40.000 денари. Она што е битно, според новата програма што ја правиме, просечната плата за
четири години во Македонија, односно во 2028 година, ќе биде над 1.000 евра, скоро околу 1.100
евра, а минималната плата ќе биде над 600 евра. Ова нема да биде само нафрлено предизборно
ветување, туку тоа ќе биде реалност“ порача Николовски.