Властите во Варшава ќе потрошат 117 милиони злоти (27,3 милиони евра) во следните три години за засолништа за бомби, како и за други безбедносни мерки, соопшти денеска градоначалникот на главниот град, Рафал Тшасковски.
„Самоиницијативно ќе извршиме попис на засолништвата“, рече Цашковски на прес-конференција.
Според него, подземните паркинзи и постојките на метрото се меѓу седум милиони квадратни метри простор кои можат да служат како засолништа за бомби во главниот град.
„117 милиони злоти за зајакнување на безбедноста – тоа се средствата за следните две-три години и подготвени сме да одвоиме повеќе за таа цел“, додаде градоначалникот на Варшава.
Истовремено, болниците во Варшава ќе бидат подготвени за закани, а јавноста ќе биде обучена како да дејствува во вонредни ситуации.
Во 2022 година полските власти соопштија дека противпожарната служба ќе ја провери состојбата на 62.000 засолништа за бомби низ целата земја.