ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

100 отсто поддршка од Германија за Украина: Бундесверот вети дополнителна помош за Кијив

March 13, 2024 15:23
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според годишниот извештај, претставен од комесарката за прашања на Бундесверот на Бундестагот, Ева Хогл, на 12 март, и покрај недостигот на опрема и персонал, германската армија, заедно со партнерите, е во состојба сигурно да ја брани својата земја и НАТО во целина, а исто така е подготвена да продолжи да и помага на Украина,  јавува дописникот на Укринформ.

Според комесарката, Бундесверот се соочува со недостиг од тенкови и противвоздушни системи, муниција и резервни делови, санитарни материјали, и залихите станаа уште поисцрпени“. Дополнително, Хогл потсети дека минатата година инструкторите на Бундесверот обучиле на германска територија 10.000 украински регрути, што е голем товар за армијата.

Во исто време, германската војска целосно ја разбира потребата да ја поддржи Украина.

„Сите наши војници се апсолутно јасно свесни за потребата да се поддржи Украина со сè што и е потребно, и тие го гледаат тоа како своја мисија, ја поддржуваат 100 отсто“, увери Хогл.

Според комесарката, Бундесверот е принуден да извршува премногу задачи, што создава стресна ситуација за војската, па таа предложи да се намали обемот на работа.

Во исто време таа изјави дека „Бундесверот старее и се намалува“. Според нејзините податоци, до крајот на 2023 година, во Бундесверот служеле вкупно 181.514 луѓе, што е за повеќе од 1.500 помалку во однос на претходната година. Истовремено, планирано е до 2031 година бројот да се зголеми на 203.000, што бара значителни инвестиции.

Но, и покрај сите предизвици, Бундесверот е способен да обезбеди, заедно со своите сојузници, одбрана на нашата земја и на Алијансата, нема сомнеж во тоа, но му треба зајакната борбена способност, повеќе персонал, материјал, и подобрување на инфраструктурата“, изјави Хогл, која ја извршува функцијата комесар на Бундесверот од 2020 година.

Истовремено, германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок не ја исклучи можноста за „кружна размена“ со Обединетото Кралство во врска со испораката на ракети со поголем дострел на Украина.
„Тоа би била опција. За ова разговараме во доверба“, кажа шефицата на геранското МНР во етерот на емисијата Карен Миосга на АРД, коментирајќи го предлогот на нејзиниот британски колега Дејвид Камерон, според кој Германија би можела да пренесе ракети Таурус во ОК, кои пак за возврат би донирале дополнителни проектили Storm Shadow на Украина.

Во исто време, Баербок јасно стави до знаење дека го поддржува снабдувањето на Украина токму со ракети Таурус.

Таа истакна дека за време на нејзината посета на Украина минатото лето, многу јасно изјавила дека на Украина и требаат можности со подолг дострел со оглед на „минскиот појас“ на истокот на земјата. На појаснувачкото прашање од модераторката дали имплицирала на проектили Таурус, таа потврди: „во заграда: и Бик“.

Минатата недела Баербок прецизираше дека можностите за Украина со подолг дострел вклучуваат и хаубици, кои Германија претходно и ги подари на Украина.

Дејвид Камерон, кој разговараше со Баербок во Берлин минатата недела, изјави дека е подготвен да соработува тесно со германските партнери за да и помогне на Украина, а особено ја спомена можноста за „кружна размена“ за ракетното прашање.

И двајцата на прес-конференцијата потврдија дека разговарале за прашањето за ракетите.

Многу политичари од партијата „Зелените“, на која и припаѓа Аналена Баербок, од самиот почеток ја поддржаа идејата за испраќање ракети Таурус во Украина, но беа принудени да гласаат против таквиот предлог во Бундестагот бидејќи се помали партнери во коалицијата. предводени од социјалдемократите како канцелар Олаф Шолц категорично се спротивставува на потегот.

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Аналена БербокБундесвервоена помош за УкраинаГерманијакомесарката Ева Хогл

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

„Си-Ен-Ен“: Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“

May 20, 2025

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

May 20, 2025
Фото: МИА

Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам е да ѝ даваш на државата мир и соживот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk