РИБАРО
Екипата на АХА откри дека поглаварот на Оволчените шарпланинци скриени позади попските мантии што ни продаваат ветар во магла криејќи се позадински како некакви заштитници на македонски идентитет, решил конечно да се разоткрие.
Она што го беседев на Форумот за „Оволчени шарпланинци ни го продаваат идентитетот“, се надевам дека правилно ќе го прочита јавноста.
„Видете, не смеам директно ова да го кажам, но еднаш мора да се извадат ракавиците. Јас како заштитник на вмронското стадо и чедата од белата палата мора да си го покажам вистинскиот сурат. А кога ако не сега предизборно. Нека ме видат и нека го следат мојот повик чедата вмронски. Одиме силно овци мои, јас како духовен пастир и Мицко како овоземен цар ќе ви го покажеме патот до духовната, идентитетска и материјална пропаст. Следете нè!“, беседел г.г. Стефан позади сцената пред присутните вмровски вазали“, дознава АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK