ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заврши мултинационалната воена вежба во Грција во која учествуваа и специјалните сили на Северна Македонија

March 15, 2024 16:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Воената мултинационална вежба „TROJAN FOOTPRINT (TFP) – 24“ на специјалните сили – силите за специјални операции во која учествуваа и припадници на специјалните сили на Северна Македонија, заедно со нивните колеги од уште седум земји и домаќинот Грција, заврши денеска откако во изминатите 17 дена се одржуваше на грчка територија , јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералштабот на грчката армија соопштија дека воената вежба беше во рамките на НАТО вежбата „STEADFAST DEFENDER – 24“, со учество на припадници и средства на Командата за специјални војни на Грција под раководство на Командата за специјални операции на САД за Европа (US Special Operations Command Europe), а учествуваа припадници на специјалните сили на Албанија, Бугарија, Франција, Република Северна Македонија, Обединетото Кралство, САД, Италија и Црна Гора.

-За време на вежбата, учесниците имаа можност да тренираат во планирање и спроведување на сложени оперативни сценарија, што придонесе за зголемување на борбената способност, како и за подобрување на интероперабилноста на специјалните сили – силите за специјални операции, информираат од Генералштабот на грчката армија.

Паалелно, додадоа дека припадниците на грчката команда имале вежба во Криволак во Северна Македонија.

На отворениот ден во понеделникот, како што објави МИА, вежбата на островот Евија ја следеа министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас и началникот на Генералштабот на грчката одбрана Димитрис Хупис.

-Вечерва имавме можност да го видиме исклучителното ниво на професионализам на нашите специјални сили, жени и мажи, но и на специјалните сили од земјите пријатели кои се овде во Грција и се обучуваат со нас, за соработката која е заемно корисна, која има за цел да обезбеди безбедност, стабилност и просперитет на нашите држави и народи, во овој сложен, опасен и брзо менувачки свет, истакна тогаш Дендиас.

Next Post

МОН: Исплатени се студентските стипендии заклучно со март

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk