ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Разногласие во ВМРО-ДПМНЕ за набавката на хеликоптерите

March 17, 2024 17:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во Тетово на новинарско прашања повтори дека процедурата за набавка на осум хеликоптери е согласно законската регулатива, иако од ВМРО – ДПМНЕ посочуваат дека сега е предизборен период. Таа смета дека има разногласие во ВМРО – ДПМНЕ по оваа прашање.

– Пратеникот Драган Ковачки токму на Комисијата за одбрана и безбедност јасно кажа дека иако имаат бројни прашања тие сепак ја поддржуваат оваа иницијатива, а веќе наредниот ден пратеникот Александар Николовски од истата таа партија вели дека бара повлекување на процедурата. Процедурата апсолутно нема да биде повлечена, законот не е прекршен таа ќе биде спроведена до крај затоа што набавуваме опрема којашто е потребна на македонската Армија и која е дел од планот за модернизација. Веројатно можеби тие планираат ако дојдат на власт овие пари да ги пренаменат повторно за некој проект од типот на Скопје 2014 меѓутоа една од причините заради која нема да дојдат на власт е токму тоа, изјави министерката Петровска.

Петровска повтори дека сега е дојдено до оваа фаза на набавката, која била почната пред неколку години, при што се поминати сите чекори кои се потребни и се согласно законската регулатива.

– Нема ништо спорно и нема ништо криминално како што се обидуваат да го извртуваат тоа едноставно ова е дел од големиот процес на модернизација за којшто постојано зборуваме обновување на капацитетите на македонската Армија и всушност со еден збор би рекла така се сака и така се цени армијата, но така се гради и одбраната во државата. Тоа што на нив им пречи инвестирањето во одбраната е сериозен проблем заради тоа што за една политичка партија која тврди дека има НАТО и ЕУ аспирации и особено дека го поддржува во нашето членство во Алијансата да се противи на модернизацијата во Армијата и на сè тоа она што е позитивно навистина според мене е недозволиво, посочи Петровска.

За неа изјавите дека било расфрлање и расипништво вложувањето во хеликоптерите е загрижувачко.

– Набавуваме хеликоптери кои се на западна платформа, модерни и ги имаат сите перформанси кои треба да ги поседуваат едни современи воздухоплови. Тие се одбрани се разбира во процедура, јас имав пред Комисијата за одбрана и безбедност презентација, пред новинарите во Скопје брифинг, апсолутно сум подготвена ако има некое дополнително прашање и објаснување уште еднаш да го повториме, рече таа од Тетово.

Министерката Петровска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Тетово присуствуваа на презентацијата на воена опрема и вештини на припадниците на Армијата, во рамки на Отворените армиски денови коишто се организираат во повеќе градови низ државата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата.

Tags: ВМРО-ДПМНЕПетровскахеликоптери
Next Post

Бајдевски: Посветени сме на изнаоѓање на механизми коишто ќе ја унапредат работата на администрацијата, што на крајот на денот е најважно за граѓаните и бизнисните

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk